Шилегов не знае кои му се надлежностите: Пред избори ветуваше дом за згрижување на бездомници, денеска рече тоа не било во негова надлежност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градот Скопје останува без нов дом за згрижување на бездомници. Ваков проект беше ветен од  градоначалникот Петре Шилегов, но на последната седница за советнички прашања на Советот на град Скопје тој истакна дека тоа не е во негова надлежност.

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Анета Стојановска-Стефанова постави прашање до Шилегов отворајќи ја оваа тема.

Градоначалникот Шилегов најави проект кој ќе значи изградба на Дом за бездомници. Според јавно достапните информации Скопје има 452 лица кои имаат потреба од дом и покрив над главата.  Скопје е град на солидарноста и овие луѓе заслужуваат нега и дневен оброк. Капацитетот во Визбегово е проширен само за 80 лица,  какви активности се планирани за бездомните лица?, запраша Стојановска-Стефанова.

Шилегов се иззема од ветувањето посочувајќиу дека тоа било во надлежност на министерството на труд и социјална политика иако претходно самиот го вети во програмата.

Со измените на закон за социјална заштита нема извршено децентрализација на ингеренциите, тоа ќе започне до крајот на идната година. Изградбата на дом за бездомници остана во ингеренции на централната власт, истакна Петре Шилегов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This