March 29, 2024, 10:02 am

Шилегов од Ѓорче Петров: Да избереме континуитет за европско, уредно и зелено Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, кои се борат за втор мандат на Локалните избори 2021 вечерва имаа маалски средби со граѓаните од оваа општина. Тие беа придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје, Софија Пејкова и за Ѓорче Петров, Илија Спасовски.
Пред ѓорчепетровци Шилегов истакна дека развојот на Скопје нема да запре, дека градот нема да назадува и оти затоа е важно граѓаните да излезат на изборите и да изберат континуитет за европско, уредно и зелено Скопје.
– Во Ѓорче Петров и во цело Скопје победува Коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ затоа што имаме најдобри проекти, најдобра понуда, и најдобар степен на реализација. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека и во Ѓорче Петров како и во другите скопски општини се вложува во важни капитални проекти.
– Ги реконструиравме улиците „Ѓорче Петров“ и „4-ти јули“, а реконструкцијата на улицата „Лука Геров“ завршува до крајот на годината. Ги расчистуваме диви депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров, посочи Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на Скопје Шилегов рече исто така дека се инвестирани над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин која ја започнавме годинава, како и дека се обезбедени прочистувачи за воздух за секоја училница.
Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Ѓорче Петров се подигнати над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу илјада садници.
– По изградбата на БРТ системот за брз автобуски превоз од Ѓорче Петров до Ново Лисиче ќе се стигнува за околу 25 минути. Реконструкцијата на мостот Обединети Нации, новиот мост на Љубљанска продолжувањето и клучката на бул. Словенија, како и затворањето на северниот магистрален прстен иако не се територијата на Ѓорче, во голема мера ќе го олесни движењето на жителите на Ѓорче кон другите скопски населби, најави Шилегов.
Тој најави и ревитализација на запоставени железнички станици во Ѓорче Петров, Волково, Скопје-Север, Транспортен центар, Маџари и Драчево, со што, според него, ќе се овозможи интегрирање на железницата во Скопје со јавниот градски превоз.
– Скопје е град за сите и секоја населба е подеднакво важна, без разлика на нејзината оддалеченост од центарот на градот. Работиме на развој на инфраструктурата и подобрување на квалитетот на живот во сите скопски општини и заради тоа е потребно да се одржи континуитет и грижа за секој човек, за секое семејство, за секоја населба и по изборите, нагласи Шилегов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This