ШИЛЕГОВ СВЕСЕН ДЕКА СТАНАЛ МЕТА ЗА ПОТСМЕВ: Свесен сун дека станав таргет за потсмев но прво мора да ја поставиме целта!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

-Нашите намери се да обезбедиме системски пристап во подобрувањето на животната средина во Скопје. Ова подразбира активно вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата, медиумите… Изминативе 12 месеци работиме да ја подобриме животната средина, а во најголем дел на намалување на загаденоста на воздухот, на водите и почвите, и на намалување на бучавата за што многу малку се зборува- кажа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешниот семинар организиран од Францускиот институт во Скопје на кој беа опфатени теми за главните проблеми во загадувањето во зимскиот период.

-Поднесовме апликација за престижното признание Европска зелена престолнина во 2021 година, која Европската комисија и официјално ја прифати. Свесен сун дека станав таргет за потсмев но прво мора да ја поставиме целта па да продолжиме понатаму. Коментарите се непознавање на апликацијата. Апликацијата содржи опширни одговори на прашања за постојната состојба со животната средина во градот, минатите активности во оваа област и плановите и чекорите што ќе ги преземе Град Скопје до 2021 година, а тоа се ублажување на климатските промени, приспособување на климатските промени, одржлива урбана мобилност, одржлива употреба на земјиштето, природа и биодиверзитет, квалитет на воздух, бучава, отпад, води, зелена површина и еко-иновација, енергетски перформанси и управување.имаме стратешка определба да преземеме конкретни чекори за почиста и поздрава животна средина. Јасно се гледа појдовната позиција на градот пред една година кога јас ја презедов функцијата градоначалник, и напредокот кој го имаме изминативе 12 месеци во градот за подобрување и развој на Скопје. Во наредниот период ќе бидеме под засилен надзор, очекувам дека нашата стратегија за поздрава и почиста животна средина ќе наиде на позитивно мислење во Европската комисија. Самото прифаќање на нашата кандидатура од Европската комисија е сериозен показател дека Скопје е на добар пат да ги надмине проблемите во кои живееме- кажа Шилегов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This