April 19, 2024, 10:47 pm

ШИЛЕГОВ СО НАВРЕДИ ПО УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ ВО СУДНИЦА: Шилегов со навреди кон патриотите во судница, ги нарекуваше „дива орда“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навреди кон обвинетите за настаните од 27 април од страна на претставниците на СДСМ беа редовен начин на комуницирање кој судот не го казни.

Шилегов луѓето кои протестираа ги нарекуваше „дива орда задоена со фашистичка политичка идеологија“, на што му реагираше обвинетиот Јане Ченто кој посочи дека е правнук на претседателот на Антифашистичкото Собрание за Народно Ослободување на Македонија (АСНОМ), на што Шилегов возврати повторно со навреда велејќи дека „секоја добра семка не дава здрав плод“.

За ваквите испади Шилегов беше и опоменатод судијата, иако се доби впечаток дека постоеше реален основ и да биде казнет поради честите политички говори и обвинувања за фашизам кон обвинетата „дива орда“. На заминување од салата Шилегов (вон записник) дофрли: „Ајде, да е за многу години“, во својот препознатлив арогантен тон кој многупати досега ги одбележал неговите официјални и неофицијални настапи.

Храброста на Шилегов престана кога беше распрашуван дали на 27-ми април гласал за Претседател на Собранието на Република Македонија, туку молчеше и „се криеше“ од вистината која ја виде милионски аудиториум не само во Македонија, туку и низ целиот свет. Немилите настани кои следеа се за секаква осуда, но вистината е дека ништо од тоа што се случи не можело да биде насочено да го спречи изборот на Џафери бидејќи истиот веќе се случил и завршил долго пред граѓани да влезат во Собранието, а помал дел од групата да изврши и насилни дејствија кон пратениците во прес-салата.
Интересно, токму Шилегов е еден од првите, ако не и прв кој ја „измислил“ квалификацијата Тероризам на прес-конференција на 29-ти април 2017-та.

Она што е забележливо е дека ниту на таа прес-коференција Шилегов не зборува за некаков обид да се спречи изборот на Џафери, туку според него тероризам е насилството вз пратениците во законодавниот дом.

Судејќи по обвинението изгледа како да било нарачано од Шилегов, но дотерано од ОЈО со обид за некаква „пореален опис на делото“ кој би имал некаква логика – барем на хартија, која, нели, трпи се’. Тоа што напишаното на хартија нема допирна точка со реалноста е работа на судот да го утврди, или пак на обвинителството кое може да се повлече од оваа квалификација поради недостаток на докази.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This