Шилегов: Со Смарт сити имаме совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со проектот Смарт сити Скопје станува прв град во државата каде граѓаните директно и сами одлучуваат за тоа каде и како се вложуваат нивните пари. Преку апликацијата „Мое Скопје“ на својот мобилен телефон, скопјани ќе може да гласаат за предлози, да дефинираат приоритети и со тоа самите да ги креираат политиките во градот, најави Петре Шилегов, актуелниот градоначалник на Град Скопје и кандидат за втор мандат на Коалицијата предводена од СДСМ.
Тој заедно со кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски вечерва остварија маалски средби со своите сограѓани, придружувани од носителите на кандидатските советнички листи за Скопје – Софија Пејкова и за Центар – Андријана Будимир.

– Со Скопје Смарт сити, Скопје станува град без шалтери. Скопје сите услуги ќе ги дава онлајн и со тоа станува првиот целосно дигитализиран град во регионот. Сите плаќања и сите документи ќе бидат достапни на интернет или на телефонот на граѓаните. Преку овој проект се поставуваат 10 000 нови лед светилки со што Скопје добива совршено осветлени и безбедни улици, вело патеки и тротоари, а заштедува 1,3 милиони евра годишно на електрична енергија, рече Шилегов.
Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека и во Центар се инвестира во повеќе важни капитални проекти.
-Ги реконструиравме булеварите „Димитрија Чуповски“, „11 Октомври“, „Кочо Рацин“ и „Крсте Петков Мисирков“, како и улиците „Лазар Личеноски“, „Бихаќка“, „Црниче“, „Никола Карев“ и „Васил Ѓоргов“. Пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Новиот парк „Ибни Пајко“ и двата нови зелени покриви, оној на ГТЦ и оној на Домот на градежници, како и новиот памптрак полигон кај Олимписки, се наоѓаат на територија на Центар. Го реконструиравме кејот „13 Ноември“ и плочникот на влезот на ГТЦ од страната на плоштадот, посочи Шилегов.

Во тек е, додаде, реконструкцијата на Универзална сала, а годинава почнуваме и со реконструкции на булеварите „Кузман Јосифовски Питу“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
-Ги реконструиравме гимназиите „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, како и средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, додаде Шилегов.
Во делот на градското зеленило, потенцираше, во Центар се подигнати над 53700 квадратни метри нови и реконструирани парковски површини, со засадени над 5200 садници

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This