April 17, 2024, 12:32 am

ШИЛЕГОВ ЌЕ ГО УКРАСУВА СКОПЈЕ: Елка на средина и шанк под неа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новогодишна населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните, е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.

-Во текот на декември, на плоштадот „Македонија“ првпат ќе осамне новогодишна населба, нешто што во Скопје досега го немало. Нашиот план е населбата со име Винтерленд (Зимска земја) за граѓаните да се отвори на 7 декември.

Во неа ќе има куќички украсени во новогодишен амбиент и мала сцена на која секојдневно ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на сите граѓани, без разлика на возраста.

Ќе има и топ за создавање вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика.

Во селото ќе има и катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер, рече градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Елката ќе стои во средината на плоштадот над рамната фонтана, а подножјето ќе биде шанк на кои граѓаните ќе може да седнат и да уживаат во понудата на околните куќички.

Скопскиот градоначалник рече дека китењето на градските улици и булевари ќе почне од наредната недела.

-Очекувам во Скопје да се создаде вистинска предновогодишна атмосфера. Конечно е време на скопјани да им понудиме европска новогодишна прослава, нешто што досега во градот не се случувало, додаде Шилегов и ги покани граѓаните да ја посетат новогодишната населба и, како што рече, со своите најблиски да уживаат во празничниот амбиент.

Комплетната програма за новогодишната прослава, која ќе почне на 15 декември, како и за прославата на Новогодишната ноќ на 31 декември, Градот Скопје ќе ја соопшти дополнително.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This