Шилегов ќе именува заменик градоначалник Албанец: Јас сум градоначалник што обединува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на новинарско прашање за неговиот став во однос на темата отворена од лидерот на ДУИ Али Ахмети за претседател Албанец избран на избори, одговори дека е растоварен од национални предрасуди: „Сметам дека секој граѓанин во нашата држава има право да бира и да биде биран.“

Шилегов укажа дека со именувањето на покојниот Енвер Малиќи за заменик градоначалник, покажал дека е растоварен од предрасуди и дека планира да го повтори тоа, бидејќи верува во заедништвото на скопјани.

-Скопје е град за сите, тоа го покажавме, тоа го докажавме. Јас сум градоначалник што обединува, кој гради мостови. Не сум градоначалник кој ги дели луѓето на вакви и онакви, ниту пак нашиот град го делам на лева и на десна страна. Скопје е град кој рамномерно се развива во изминативе четири години. Јас знам дека скопјани тоа го препознаваат и дека на тоа ќе одговорат силно на овие претстојни избори, одговори Шилегов на заедничката прес-конференција со Висар Ганиу за инфраструктурата во Чаир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This