ШИЛЕГОВ ЌЕ СИ ГО МЕРИ РЕЈТИНГОТ:Градот ќе потроши 14.000 евра за проверка на рејтингот на Шилегов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По само 100 дена откако е на власт, градоначалникот Петре Шилегов одлучи да си го измери рејтингот. Град Скопје објави оглас за анкети за истражување на јавното мислење. Од Градот процениле дека за таа намена ќе потрошат околу 14.000 евра. Во огласот е наведено дека се бара субјект кој ќе изврши осум квантитативни истражувања на пазарот, преку кои ќе се обезбедат резултати за јавното мислење во однос на градските политики.

Се бара тие да бидат направени на репрезентативен примерок од најмалку 1000 испитаници на територија на Град Скопје. Истражувањата треба да се спроведат во рок од една година.

„Цел на истражувањето на пазарот е да го истражи мислењето на граѓаните на Град Скопје во однос на градските проблеми и политики, како и да овозможи квантитативно толкување низ одредена временска рамка”, стои во објавениот оглас.

Обврска на избраниот субјект ќе биде истражувањето да го направи во рок од една година, да спроведе осум телефонски истражувања на стратифициран примерок со минимум 1000 испитаници, репрезентативен за жителите на Град Скопје на возраст над 18 години. Прашањата кои ќе им бидат поставувани на анкетираните, ќе бидат изработени од страна на градските служби.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This