ШИЛЕГОВ ЌЕ ЈА „ПРЕДАДЕ“ ДРИСЛА НА ГЕРМАНСКИ ШОЛЦ ПО ИЗБОРИТЕ: Градоначалникот на Скопје ја одложи одлука за нов концесионер на Дрисла поради изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешната седница на Советот на Град Скопје градоначалникот Петре Шилегов предложи одлуката да се одложи бидејќи е изборна кампања и не сака да има никаква дамка во изборот на „Шолц“ за нов концесионер. Одлуката германски „Шолц“ да ја добие депонијата „Дрисла“ ќе биде донесена после изборите.

„Недвосмислена е одлуката дека Градот треба да го има ’Шолц‘ за концесионер на депонијата. Се појавија дилеми дали може да се донесе одлука за доделување на концесија за време на изборна кампања. За да избегнеме било какви контроверзи и да нема било каква дамка на овој Совет и ова раководство на Град Скопје, барам седницата да се прекине и да се стави на дневен ред веднаш штом Држваната изборна комисија каже дека изборите се завршени“, рече Шилегов.

Додека биде направен изборот на нов концесионер, со депонијата ќе управува Град Скопје, а не италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“. Шилегов рече дека имаат правна основа да ја преземат „Дрисла“ оти според судската пресуда поништен е изборот со кој италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ беше избрана за концесионер и со тоа Градот може да ја преземе целосно.

„Ако алибито на италијанците за неинвестирање на депонијата било дека се води судска постапка тогаш не требало воопшто да влезат во ’Дрисла‘. До сега ако се придржувале на договорот требало да инвестираат 60 милиони евра во депонијата. Во изминативе 7 години депонијата работи исклучиво со средствата кои Градот ги вложува“, рече Шилегов.

Мината недела Комисијата формирана од градоначалникот Петре Шилегов изврши бодување на трите фирми кои на тендерот објавен во 2011 година доставиле понуди и влегле во втората фаза, а тоа се италијанската „ФЦЛ Амбиенте“, германската „Шолц“ и австриската „АСА“. Според бодувањето на Комисијата најдобро рангирана била германската „Шолц“. Од декември 2016 година, „Шолц“ е во целосна сопственост на „Чихо Енвајрментал Груп“, една од најголемите кинески компании за рециклирање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This