ШИРОКА АМНЕСТИЈА: Власта ќе ги ам нестира и тер ористите од Диво Насеље и Мон струм?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако владата даде негативна оценка на предлог законот за општа амн естија за обвинетите во нем илите настани во Собранието на Македонија пред една година, амнестија сепак ќе има.

Имено извори од Собранието информираат дека иако телото за национално помирување а со кое раководат пратеничките Александрова и Ременски нема активности, предлог законот за амнестија е скоро готов, пренесува Магазин.

Како лиферуваат од Собранието предлагач ќе е т.н. независна пратеничка група од доскорешните претеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, предводена од поранешната министерка за култура, пратеничката Елизабета Канческа Милевска која откако гласаше за уставни измени, сега ќе биде “факторот” за помирување и делење правда.

Имено законското решение, неофицијално иако тврди дека не го видела, т.е. дека не постои наишло на одобрување и од министерката за правда, Рената Дескоска а Канческа Милевска за правни консултации го ангажирала, како информираат извори од Собранието, адвокатот Никола Тодоров, поранешен нејзин колега и во владата и во ВМРО – ДПМНЕ.

Изворите од Собранието ова го посочуваат со масовните изјави на осом ничени и обв инети во нем илите настани во Собранието минатата година, кои ги повлекуваат доказните материјали а во дел и барањата за рас пит на нивни сведоци со случајот што се води активно во Кри вичниот Суд во Скопје.

Она што ќе е плод на хибриден закон кој во основа ќе е решение на Дескоска, Тодоров и Канческа Милевска сепак има и елемент на изненадување, точно како што претскажаа тројцата пратеници кои се првоос омничени во случајот.

Имено со предлог Законот за амне стија ќе бидат опфатени и случаите во изминатите 10 години, поточно со него ќе се амне стираат и тер ористите од Диво Насеље но и уби ј ците од Смилковско езеро.

Извори од владата не сакаат да ги потврдат или негираат информациите, но констатираат дека како на повидок е нова политичка криза, и само со вакво решение Заев може да си ја спаси премиерската фотелја, би ги обезбедил гласовите од одметнатите пратеници за уставни измени но и гласовите од албанските опозициони партии кои веќе повлекоа пет пратеници во поддршка.

Датумот не е фиксен, но извори од Собранието сметаат дека е тактички позициониран како тоа би бил периодот кога би се раз горела расправата за уставните амандмани кои на дневен ред на пленарна седница се закажани за први декември.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This