Шкендија пак се срами да напише на која земја е шампион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фудбалерите на Шкендија со денешната победа на гостувањето против Работнички (1-0) и официјално ја осигураа шампионската титула, која ја прославија како на теренот на арената „Тоше Проески“ така и на социјалните мрежи каде што објавуваа фотографии од славјето.

Тоа што веднаш падна во очи е фактот што ниту при прославата, ниту во постовита не беше објавено името на државата на која екипата од Тетово стана првакот и која ќе ја претставува во квалификациите за Лигата на шампионите следната сезона. За многумина тоа би била небитна работа, ако не се знае претходната историјата на „алергијата“ која луѓето од Шкендија ја добиваат при секое споменување на зборот Македонија.

Тие и лани не сакаа да застанат позади сценографија на која пишуваше „шампион на македонската Прва лига“, поради што направија скандал и си поставија своја мини-трибина на која воопшто не беше споменат името на државата во која играат. Слично беше и во ланското финале од Купот на Македонија. Навредувањето на сѐ што е македонско, пеењето националистички песни и истакнувањето само на албанско знаеме е нешто веќе вообичаено на средбите кои Шкендија ги игра во Тетово.

Тешко е да се очекува било каква реакција на ФФМ по ова прашање, бидејќи челниците на Куќата на фудбалот останаа неми и во претходните години, иако во нормални земји за вакво игнорирање на државата дури може и се одземе титулата по службен пат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This