ШОКАНТНА АНАЛИЗА НА АНДРЕЈ КОРИБКО: Прегласувањето во Теарце ќе биде одлучувачки момент – граѓанска војна или мир!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Koribko-napad-MakedonijaНедела ќе биде еден од најодлучувачките денови во Македонската Историја, смета геополитичкиот аналитичар Андреј Корибко

Селото Теарце во еверозападниот дел од Република Македонија во недела ќе го спроведе прегласувањето, кое би можело да ги промени резултатите од првичните избори. Владеачката ВМРО-ДПМНЕ која несомнено ја доби првата рунда, вели дека нема да ги признае резултатие од овој неуставен декрет, критикувајќи ја одлуката на Државната изборна комисија за последен обид за кражба на власта од страна на странски поддржаната „опозиција“ СДСМ. ВМРО има веродостојни основи за овие обвинувања, имајќи во предвид дека странски амбасади и НВО отворено ги поддржуваа СДСМ дури и на самиот почеток на фабрикуваната политичка криза пред две години. Поточно, амбасадорот на САД Џес Бејли кој комплетно застана позади СДСМ за целото време на овој процес, како и огромниот број на невладини организации на Сорос, и групи за „граѓанско општество“ кои попусто се обидуваа во два наврати да направат Обоена Револуција во последните две годни.

Крајната игра

Вашингтон и нивните сојузници сакаат да инсталираат послушна марионетска влада во земјата која ќе најде „компромис“ за уставното име на Р.Македонија, и ќе го поплочи патот на земјата кон конечно раздвојување. Првиот чекор е да се постави Заев на власт, по што треба да се очекува дека набрзо ќе биде донесена одлуката за независни албански територии, кои потоа ќе прераснат во „Унија на Албански општини“ како отскочна даска за „федерализација“ на земјата пред Албанските и Бугарските соседи да ја поделат меѓусебе преку симултани и двојни анексии. Причината поради која САД е толку определена за уништување на Македонија е поради стравовите од Балканските мегапроекти кои Русија и Кина ги планираат да поминат преку земјата. Ова се Московскиот Балкански тек, и Кинескиот Балкански пат на свилата, што значи изградба на инфраструктура за брза пруга и патна инфраструктура од Унгарската претстолнина Будимпешта до грчкото пристаниште Пиереја.

Двата мултиполарни мегапроекти мора да поминуваат низ Република Македонија, поради што земјата е намерно дестабилизирана и во чекори демонтирана со цел да се прекинат овие планови и да се постигне еден од најголемите стратешки цели на САД во зачувување на униполарната хегемонија врз континентот.

Усовршување на заговорот

Во врска со прегласување, целта оваа шарада е организирана на сомнителни основи, и е комплетно диспропорционална (да не спомнувам и нелегална) за да се повторат изборите во селото само затоа што еден или двајца од гласачите можеби имале непотврдени потешкотии во текот на гласањето. Како и да е, бидејќи ДИК работи повеќе во корист на СДСМ, тие одлучија во нејзина корист. Ова ја доведува анализата до моментот да дискутираме зошто ентитетот кој одлучува за исходот од изборите е составен на начинот на кој што е, што пак не доведува до минатогодишниот Пржински договор во кој беше стипулирано дека СДСМ ќе добие места во владата како дел од пред-изборниот „компромисен“ договор. Во реалноста, Амбасадорот Бејли стратешки ги постави државните непријатели на стратешки важните и влијателни бирократски позции како претходница за поличко-изборниот пуч.

Причината поради која тој издаде наредба до СДСМ за да бараат одложување на изборите толку пати е поради тоа што неговите сојузници, соросовите организации, имаа потреба од повеќе време да ги убедат Албанците да се откажат од нивните традиционални, етнички партии и да застанат позади Заев. Целата шема беше да се вмешаат Албанците кои одиграа клучна улога во изненадувачкиот изборен резултат, но со цел тоа да успее, ова етно-религиозно блоковско гласање имаше стриктни наредби да остане тивко и да не ги открива намерите на анкетарите. Ова е причината поради која анкетите не го предвидоа изненадувачкиот тренд, кој е очигледна политичка заседа против ВМРО и Македонскиот народ. И покрај тоа што ги имаат најголемите, гарантирани социо-политички права до било која друга малцинска група во светот, и покрај тоа што го имаат пропаднатиот НАТО-окупиран проект на нарко колонијата Косово како прв сосед за да им служи како пример за тоа како изгледа „Голема Албанија“ во релноста, многу Македонски Албанци по се изгледа лесно може да се убедат во националистичкиот сон на нацистичкиот гео-политички проект.

Совет за надворешни односи и интервенцијата во информационата војна

Сега кога доминатно-албанското село Теарци уште еднаш се упатува кон гласачките кутии, најверојатно најголемиот дел од Албанците ќе гласаат за СДСМ – не само поради тоа што некој им го испрал мозокот со националистички слогани и нереални ветување, туку и поради нефер играта, поткуп и изборни измами. Дотолку повеќе, најголемата вест која го вознемири Балканот беше публикацијата на Тимоти Лес „Дисфункционалност на Балканот“ во кој тој пишуваше за влијателниот нео-конзервативен Совет за Надворешни односи – тинк тенк организација. Текстот е есенцијално лобистички обид до администрацијата на Трамп, за геополитичко инженерство на Балканот во рамки на етно-религиозните линии, со што тој предвидува дека ќе резултира во половина Македонија да биде „проголтана“ од Албанија. Другиод дел на МАкедонија пак ќе биде абсорбиран од Бугарија, а набрзо потоа Македонската држава, повторно ќе биде избришана од мапата.

Тајмингот на овој текст не е инцидентет – може да биде сумирано дека истите сили кои стојат позади него и неговата организација се истите оние ои сакаат да ја уништат Република Македонија, и дека тие имале намера, објавувањето на овој документ да коинцидира со резутлатите од изборите во земјата. Доколку нивниот првичен план беше успешен, доколку СДСМ ја добиеше власта во неочекувана победа благодарение на тајните Албански гласови кои Бејли и Сорос ги собираа за нив, тогаш текстот на Лес можеше да биде интерпретиран како директна наредба за Заев. Сега пак, кога ВМРО ја зема победата, пучистите ја поставуваат сцената за втор обид во Теарце со што е можно да се променат резултатите во корист на „опозицијата“, со што овој документ би можел да се интерпретира како мотивирачко писмо за АЛбанците со кој е предвидено да се застанат позади нивниот политички бенефактор. Овој текст можеше да биде објавен по прегласувањето, но беше намерно објавен една недела претходно, со цел да се влијае врз одлучувачкиот момент во Македонија и да се влијае врз Албанците со ветувањето за „Голема Албанија“.

И покрај тоа, Македонските Албанци треба да го препознаат лобирачкиот обид на Лес – до новиот претседател на САД и неговата администрација – и тоа дека Трамп најверојатно ќе го одбие овој опасен предлог со цел да продолжи да се движи напред кон склучување на план за сфери на интерес со Рускиот претседател Путин. Друга можна причина за објавување на документот, е да се измери јавната реакција низ целиот Балкан и да се генерира фидбекот потребен за усовршување на информационата стратегија, која подоцна ќе биде искористена за „поатрактивно“ пакување на опасноста пред неговата жртва. Како и да е, првичниот геополитички ефект на овој текст е да се инспирираат доволно Македонски Албанци да излезат на гласањето и да гласаат за СДСМ, на тој начин – комбинирано со очекуваните измами, нелегално гласање од страна на Српските Албанци од НАТО-окупираното Косово, и други трикови – да и се даде на „опозицијата“ и на владеачката партија по 50 парламентарни места со што на Заев ќе му биде овозможено да продолжи да го формира владеачкото мнозинство формирано од повеќето Албански партии. Во замена за нивната лојалност кон САД и предавството на Македонија, тие ќе бидат „наградени“ со нивно „мини-Косово“ преку „федералзиацијата“ (внатрешна поделба“, со сите проблеми со кои се соочи пропаднатиот претходник.

Одлучувачкиот момент

Доколку сценариото се оствари, тоа сепак не значи дека меѓународната заедница консензуално ќе ги прифати овие наместени резултати. ВМРО, демократски избраната и легитимна владеачка партија во земјата, веќе изјави дека нема да го признае прегласувањете, уште помалку обидот за „мек пуч“ со кој се обидуваат нелегално да ја одземат власта преку вештачки „легални“ начини. Ова значи дека и меѓународните партнери на земјата еднакво ќе се поделат по ова прашање. САД, ЕУ и секако Албанија (можеби и Бугарија) најверојатно ќе го признаа лидерот на пучот Заев, СДСМ и нивните Албански коалициони парнтери како „официјални“ лидери на земјата, но Русија и Кина најверојатно ќе застанат на страната на автентичните власти и ќе продолжат да го поддржуваат ВМРО.

Во ваква тензична и високо-запалива ситуација каде што две политички сили тврдат дека се изборни победници во земјата, и секоја од нив има меѓународни поддржувачи, секоја земја би била втурната во граѓанска војна. Одлучувачките фактори кои имаат влијание врз тоа што ќе се случува следно, е вмешувањето на меѓународните поддржувачи на пучистите (САД, ЕУ и Албанија) Заев, СДСМ, можеби и Албанските милитанти, без разлика дали се „секуларни“ или Салафисти, без разлика дали се од Македонија или не. Улогата на војската која или ќе ги следи наредбите на легалната влада со цел разбивање на нелегалните банди или не.

Неодговорно е да се шпекулира за точниот тек на настаните, кои ќе бидат иницирани во случај САД да успее во „изборниот мек пуч“ во Теарце во недела, но здравиот разум и претходните искуства диктираат дека постоечките параметри константно укажуваат кон гореспоменатото сценарио за граѓански судир, иако шансите сеуште ќе бидат во корист на Македонската држава и владеачката ВМРО. Сепак тоа автоматски не значи дека ќе биде лесно за нив да ја земат победата во моменталната политичка криза. Наместо тоа, треба да се очекува дека САД ќе продолжи со притисокот и со Хибридната војна врз Македонија во очајнички последен обид за конечно да се спречат плановите на Русија и Кина кои ќе ја сменат светската игра преку мегарпроектите и ќе креираат големи пречки за Администрацијата на Трамп и неговите планови за серија на прагматични „џентлменски“ договори со Москва, со цел дефузирање на нова Студена војна.

Андреј Корибко
iNFOMAX.mk

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This