Шокантно интервју со Јан Фигел, Македонија наликува Судан и Камбоџа – луѓе се приведуваат без докази, а потоа се држат по пет дена без вода

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јан Фигел својата европска и политичка кариера ја започна како основач на Христијанско-демократското движење во Словачка, потоа државен секретар во словачкото МНР задолжен за пристапните преговори во ЕУ, европски комесар, а од 2016.година е специјален пратеник и претседавач со комитетот за заштита на верските слободи и права надвор од Европската Унија.

Фигел исто така е и член на меѓународната група експерти при меѓународната алијанса за заштита на верските слободи и права, основан од САД и уште 30 други земји.

Какво влијание има случајот со Камчев на преговорите на Македонија со ЕУ?

– За Европската Унија во минатото, но особено денес владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи се најважното нешто. Ова е критериум кој е незаменлив кога станува збор за членство во Унијата. Овој критериум за владеење на правото и почитување на човековите права не е поради Брисел или Европските институции и извештаи туку за луѓето кои живеат тука. Кога говориме за ова, говориме за вас за перспективата на македонските граѓани кои живеат во Македонија.

Јас дојдов тука како пријател на Македонија и поранешен комесар за проширување и добрососедство и овие критериуми се многу важни и од голема помош за државата. Ова не е наметнување нешто на Македонија спротивно на вољата на граѓаните за бенефит на европските бирократи туку е важно за било каква промена во социолошката, економската, културната или било која друга сфера на живеење. Јас сум сигурен дека Македонија има иднина како членка на Унијата, но мора да ги превземе сериозно обврските кои мора да бидат исполнети. Некои особено. Случајот на Јордан Камчев е посебен случај бидејќи e важен и визибилен и кој ќе служи како лакмус хартија за правдата и владеењето на правото и транспарентноста во Македонија.

Како го коментирате извештајот кој ја квалификува Македонија како хибриден режим?

– Имате позитивни и негативни страни, имате развиени институции и демократски систем, но и слабости особено во сферата на правдата и владеењето на правото. Имам извештаи од Советот на Европа од Комитетот за превенција на тортура. И ова е најсензитивен и критичен комитет во Советот на Европа каде Македонија членува. Ова треба да биде норма тука, и не смее воопшто да разговараме за ова, односот кон притвореници и затвореници во Македонија не одговара на 21 век и човечни стандарди и услови. Ова е уште едно нешто кое мора да се подобри. Не зборувам само за капацитетот за сместување на затвореници, мора да има и нови простории, но најважен е човекиот третман кон затворениците. Јордан Камчев е пет дена без вода, тоа е тортура.

Во Камбоџа во Судан е тортура да оставиш некој без вода, така и тука. Го кажувам бидејќи ова е вистина, ова е факт, не е илузија. Келијата во која е сместен мора да престане да се употребува, но треба да понесат одговорност и надлежните, бидејќи некој го организирал таквиот однос и се уште е одговорен за останатите затвореници, веројатно бидејќи нема последици по него. За ова разговорав со шефот на обвинителството Љубомир Јовевски и со Вилма Русковска. Тие имаат моќ тие треба да интервенираат и да направат подобрувања.

Носевте висока позиција во ЕУ дали сте запознаени со случајот Ел Масри? Судот во Стразбур досуди дека станувало збор за киднапирање и тортура. Може ли да направите паралела помеѓу тој случај и случајот на Орце Камчев?

– Има такви случаи каде можеме да направиме паралели или да кажеме дека се уште во Европа има злоупотреба на моќта и злоупотреба на тајните служби. Гледам паралела во обвинението против Камчев кое е базирано на белешка од тајните служби. И имам длабоки и сериозни сомнежи дека станува збор за легална процедура бидејќи соогласно законот во Македонија и вообичените стандарди, обвинението не може да се базира на дејностите на тајните служби. Мора да има приземни докази, фактички докази, а тука нема ништо, доказите не се дадени ниту на одбраната, ниту на господинот Камчев. Гледам паралела.

– За среќа го имаме судот во Стразбур, но за одлука е потребно време и вообичаено пресудите се одолговлекуваат. Но тука сакам да кажам дека судот е веќе информиран за овој случај бидејќи одбраната испрати претставки до судот во Стразбур за случајот на Јордан Камчев.

– Би се согласиле ли дека Македонија во моментов ако го гледаме случајот на Јордан Камчев потсетува на режимот во поранешна Југославија кога тајните служби беа Алфа и Омега и тајните служби затвараа и притворуваа луѓе врз основа на клевети дека сте против Тито, државата или комунистичката партија?

– Јас сум тука како граѓанин на ЕУ и исто така сум претседател на фондацијата „Антон Тунега“ која се сеќава на политичките затвореници и жртвите на политички прогон. Моето име Јан Фигел пред мене го носеше мојот чичко, брат на мојот татко кој е млад убиен од тајните служби на сталинистичка Чехословачка. Тој исчезна без трага. Добро се сеќавам половина од својот живот го поминав во тоталитарен режим, организираа ликвидација на луѓе, истите луѓе кои обвинуваа, пресудуваа. Така да внимавајте, владеењето на правото значи почитување на законите од сите, вклучително и судиите и тајните служби. Мора да има докажана поделба на власта. Не може да има политика во правдата и правда во политика. Такво мешање е недозволиво и на такво правосудство не може да му се верува. Ако парите на граѓаните се трошат за да се обвинуваат луѓе без факти и докази тоа е опасно. Имам информации дека службената белешка за Камчев е базирана на лажни информации, лажни обвинувања. Не можам да поверувам. Ова е навистина злоупотреба на јавните ресурси и законите на државата. И луѓето кои имаат моќ да одлучуваат, да ги заштитат процедурите, транспарентноста, гарантираното право на фер судење треба да реагираат и да го гарантираат владеењето на правото чекаат и гледаат од страна .

Јас бев тој кој ги објави документите за Рекет, Стејт Департментот рагираше на пресудата против мене, ова е државата во која живееме секој кој ја говори вистината за состојбите во државата е под притисок на правосудството истиот е и случајот со Јордан Камчев.

– Имате право кога посочувате дека има некои сличности со минатотот и она што се случувало во тоталитарниот режим кој претходел. Некои луѓе се идентификуваат себе си со државата, го идентификуваат својот интерес со државниот. Злоупотребуваат моќ и државни пари за свој личен интерес. Против ова мора да се бориме. Она што е клучно е транспарентноста која бара храброст и доблест, народот мора да излезе и да каже ова мора да запре. Променете го патот ова не Европа, не сакаме да живееме вака. Демократијата не е владеење на мнозинството, да се базира на некои махенизми кои се засноваат на одлучување на мнозинството, но мора сите да бидеме еднакви пред законите. Правото мора да владее и за претседателот и високите функционери. Има правила кои кога се почитуваат државата започнува да се развива и просперира, правда за сите е почетокот. Вклучително и правдата за криминиалците кои мора да бидат сопрени. А на обичниот народ мора да му се гарантираат правата и слободите. Менталитетот тука е ориентиран кон конструктивноста и позитивната иднина, но мора да дејствувате и да го кренете гласот. Мора да го кренете гласот за Јордан Камчев кој не може да говори, но треба да може да говори и мислам дека за него може да се води истрага додека е на слобода.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This