March 29, 2024, 12:13 am

ШОКАНТНО ПРИЗНАНИЕ НА ВИЕНСКИОТ НАДБИСКУП: Имав искуство со ceксуaлна злoyпотребa во младоста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Виенскиот надбискуп,  кардиналот Кристоф Шенборн, по повод дебатата за ceксуалнa злoyпотреба на свештениците, призна дека со својата младост имал такво искуство, објави Танјуг.

Австрискиот кардинал за германската телевизија БР изјави дека е жртва на ceксуалнa злoyпотреба во црквата.

Во шоуто „Док тема”, Шенон рече дека еден свештеник кого го ценел,   сакал да го бакне во устата.

„Тој сакаше да ме бакне во устата. Тој не се обиде, туку побара да ме бакне, рече Шенон.

Тој посочи дека тоа не го шокирало целосно, но бил збунет.

Шенон понатаму рече дека постојат структури и системи кои подлегнуваат на злоупотреба.

„Свештеникот е света личност и како таков тој е недопирлив. И кога постои таква слика за свештеникот, тогаш постои опасност од авторитаризмот. Свештеникот одредува сè. Постои опасност свештеникот да си дозволи повеќе од другите “, објасни тој.

Кога станува збор за жени во црквата, архиепископот во Виена рече дека во минатото среќавал свештеници кои сметале дека „монахињите мораат да служат”.

Во врска со тоа, Шенон изрази надеж дека процесот на исцелување ќе ја обнови црквата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This