ШОК ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА: Германија ја напушта Шенген зоната?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот германски министер за надворешни работи, Хорст Зеховер сака контролите на некои граници да ги задржи на неодредено време и да ги прошири на сите премини, со што Германија практично ќе излезе од Шенгенскиот систем.

„Контролите на границите со соседите мора да бидат на сила се додека на Европската унија не ѝ оди подобро од рака во ефикасноста да ги заштити и контролира надворешните граници, но јас не гледам дека тоа во догледно време би можело да успее“, изјави Зеховер.

Тој најави дека контролите би требало да бидат проширени на сите германски гранични премини.

„Сега во Германија не се контролираат многу гранични премини, а мораме да говориме за тоа дали може така да остане. Не станува збор само за спречувањето на илегалните преминувачи на границите, туку и за останатите заштитни функции“, изјави Зеховер.

Зеховер се заложи и за побрзо протерување на мигрантите на кои што им е одбиено барањето за азил, поради што побара зголемување на бројот на вработени во судовите кои што одлучуваат за азилот и протерувањето. Тој им вети помош на сојузните држави во процесот на протерувањето на лицата за кои што не постои правна основа за престој во Германија.

Новиот министер за внатрешни работи и доскорешниот премиер на Баварија, исто така се залага за промена на односите кон источните земји членки на Европската унија кои што одбиваат да ги примат мигрантите.

„Ако преговараме трпеливо, голем дел од тие земји ќе се согласат на распределба на бегалците, а некои држави на некој друг начин би можеле да се ангажираат во решавањето на проблемите, како на пример со зголемен ангажман во заштитата на надворешните граници“, изјави Зеховер.

Претседателот на Христијанско-социјалната унија, кој што беше еден од најжестоките критичари на либералната мигрантска политика на канцеларката Ангела Меркел, најави, после резултатите на неговата партија на последните парламентарни избори, борба за гласачите кои што се свртија кон анти-имигрантската десничарска „Алтернатива за Германија“.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This