ШОФЕРОТ НА ЖЕРНОВСКИ ГО НАПЛАЌАЛ РЕКЕТОТ: Шиповиќ објавува дека шоферот на Жерновски е задолжен за собирање на митото и корупцијата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ продолжува да го разобличува работењето на градоначалникот Андреј Жерновски. Шиповиќ тврди дека корупцијата на Жерновски оди преку неговиот шофер, односно дека за маркица или изградба на граѓаните им се јавува шоферот.

 

-Добро е што перцепцијата за корупција на градоначалникот е помала од претходните гарнитури, но не е добро што граѓаните се уште препознаваат корупција кај градоначалникот и неговиот ШОФЕР, пишува Шиповиќ.

Шиповиќ во изминатиот период го обвинуваше Жерновски за добиени 200 илјади евра за самостоен настап на локалните избори, но и оти Жерновски приватно бил во Франција, а за тоа плаќале жителите на општината.

-Се зборува низ градов дека Ристо Пенов и Андреј Жерновски добиле од газда на градежна фирма 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори, је*емга дали е вистина? Кој би знаел? Можеби ќе ни помогне фатот дека пред скоро време Општина Центар платила на градежната фирма 2.000.000 евра и тоа не можам да проверам, може да, може не, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

Нашата редакција го праша и Јавното обвинителство дали ќе покрене обвинени по допрен глас во врска со овие обвинувања, за што одговор од прес-службата се уште нема.

Инаку Шиповиќ минативе денови почна целосно да го разоткрива расипничкото однесување на градоначалникот Жерновски. Градоначалникот на Центар, во текот на неговото четиригодишно владеење со општината со пари на центарци си шетал низ Европа и посетувал фудбалски натпревари, пишува порталот Денешен.

Тој кажа дека градоначаникот лаже дека бил на приватно патување, а излегоа сметки дека тоа го платила општината.

Градоначалникот ЛАЖЕ, на прашање на советник ИЗЛАЖА дека бил приватно во Франција а излегоа сметки за пат и престој кои ги платила Општината, лаже и дека со мене нема односи од моментот кога ме намести, Тој почна од првиот ден апсолутистички ( Груевистички ) да се понаша во Општината и од првиот момент немаме добри односи. Наместо да соработува со советниците за доброто на граѓаните тој соработува со луѓе вон Општината за свое добро, напиша Шиповиќ на Фејсбук.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This