ШПАНИЈА НЕ САКА ДА СЕДИ НА ИСТА МАСА СО КОСОВО: Шпанскиот премиер не сака да седи на иста маса со Косово на самитот за Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Присуството на премиерот на Шпанија, Маријано Рахој на самитот на ЕУ и Западен Балкан, кој ќе биде одржан на 17 мај во Софија е неизвесно поради Косово.

Шпанија не отстапува од ставот дека за Косово не постојат услови за понатамошни чекори во приближувањето кон ЕУ.

Цврстата позиција на Шпанија кога е во прашање можноста за интеграција на Косово во ЕУ, нагласена и при консултациите за новата Стратегија за проширување на ЕУ на Западен Балкан е непроменета, објави Танјуг.

Шпански дипломатски извори кажуваат дека премиерот Рахој нема да присуствува на самитот на ЕУ и Западен Балкан.

Од бугарското претседателство со ЕУ сепак очекуваат дека на 17 мај во Софија сите лидери на членките на ЕУ ќе бидат присутни на самитот заедно со шесте земји од Западен Балкан.

– Работиме заедно со нашите пријатели и партнерите од ЕУ за да се осигураме самитот во Софија да биде успешен и да испрати единствена порака, а тоа е посветеност на Унијата за европска иднина на Западен Балкан, велат од бугарското претседателство со ЕУ.

Во Европскиот совет веќе најавија дека на претстојниот самит на лидерите на ЕУ на 22 и 23 март во Брисел ќе усвојат и заклучоци за Западниот Балкан пред самитот во Софија.

Според Танјуг, наводите ќе бидат краток осврт, од неколку реченици, кои се однесуваат на неодамна усвоената Стратегија на Европската комисија за Западен Балкан.

Се очекува лидерите на ЕУ да ја повторат својата определба за европска перспектива на Западен Балкан.

Шпанскиот весник „Паис“ претходно објави дека Рахој размислува да не отпатува на самитот ЕУ-Балкан, бидејќи не сака да се фотографира со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Според весникот, претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск ќе се сретне со Рахој во обид да го разубеди.

Рахој одбива да учествува на самитот во Софија заедно со Косово, поради напнатоста на официјален Мадрид со движењето за независност на Каталонија, кое во повеќе наврати ја користеше „косовската доктрина“, како оправдување за почитување на шпанскиот правен систем.

Шпанија е една од петте земји на ЕУ кои се уште го немаат признато Косово. Покрај нив, тоа го немаат сторено Словачка, Кипар, Грција и Романија.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This