ШПАНСКА СЕРИЈА:Денес му е на Душко роденден, Карлеуша му подготвува изненадување?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скандалот во кој се најдоа Јелена Карлеуша, Огњен Врањеш и Душко Тошиќ не стивнува. Пејачката вчера требаше да се врати во Србија, заради работни обврски, но поради брачната криза, реши со ќерките да остане во Кина.

Јелена во вторникот со ќерките Атина и Ника отпатува во Кина кај сопругот Душко, откако во јавноста осамнаа експлицитните фотографии кои наводно му ги праќала на Врањеш. После фотографиите, осамнаа и пораките кои босанскиот фудбалер и српската пејчака наводно ги разменувале, а таа за тоа време се обидува на сопругот во Кина да му го објасни потеклото на преписките.

Иако требаше вчера да се врати во Србија заради снимање на Ѕвездите на Гранд, таа остана во Кина. По се судејќи, причината е роденденот на Душко кој тој денска треба да го прослави.

Душко денеска полни 34 години, а поради кризата во бракот, Јелена реши со ќерките да остане во Кина, како со него би го минале овој ден.Се уште не знам како ќе го прослават роденденот на Душко, но тие заедно сакаат да пратат порака до јавноста дека со нив се е во ред – тврди извор близок до парот.

Пред ќерките се преправаат дека се складен пар и се трудат тие да не почувствуваат дека нешто не е во ред меѓу нив. Се уште не решиле како понатаму-додава изворот.

Останува да се види дали Карелуша после роденденот ќе се врати во Србија, со оглед на тоа дека веќе во понеделник е закажано снимање на Ѕвездите на Гранд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This