ШПАНСКИОТ ТЕНИСЕР РАФАЕЛ НАДАЛ СО ДОБРИ ВЕСТИ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА АВСТРАЛИЈА ОПЕН!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рафаел Надал ги израдува своите навивачи со добри вести пред почетокот на Австралискиот Опен. Матадорот увери дека е здрав и не чувствува болка по егзибициските дуели во Сиднеј, во кои зеде учество.

Светскиот рекет бр.2 се повлече од учество на турнирот во Бризбејн поради проблем во левото колено, што предизвика грижи кај фановите за неговото учество во Мелбурн.

Шпанецот нема играно официјален натпревар од полуфиналето на Ју Ес Опен против Хуан Мартин дел Потро, кога проблем во коленото го натера да се откаже во текот на дуелот. Во ноември, тој беше подложен на операција на глуждот и ги обнови тренинзите пред еден месец.

Надал играше во првиот круг на егзибицискиот турнир во Абу Даби пред Нова Година, каде загуби од Кевин Андерсон, а потоа не излезе за дуелот за третото место.

– Не чувствувам болка. Мислам дека тоа беше добар почеток за мене, подобро враќање во играта пред извонредната публика во Сиднеј. Уживав во играта тука, и среќен сум што ќе се вратам на теренот, изјави Надал по турнирот „Фаст4“, во кое тој и Милош Раониќ го оформија тимот на светот против Австралијците Ник Кириос и Џон Милман.

Надал верува дека може да го освои овогодинешното издание на Австралија опен.

– Зошто да не? Не може да го предвидите тоа. Се разбира, би било подобро ако имав шанса да го одиграм целиот турнир во Абу Даби и турнирот во Бризбејн, но најважно е дека се чувствувам добро со топчето. Единственото лошо е дека не сум играл натпревари долго време, додаде шпанскиот тенисер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This