.ШПАРКАСЕ ЈА КУПУВА ОХРИДСКА БАНКА:Сосиете Женерал и Штаермаркише Банка – Шпаркасе АГ Австрија потпишаа договор за купородажва на Охридска Банка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

.Шпаркасе Банка ја купува Охридска Банка Продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите на Законот за преземање на акционерските друштва

Според она што е објавено на интернет страната на Македонска берза, австриската банка ќе ги купи акциите на Сосиете женерал во Охридска банка.

Продажба на акциите издадени од страна на Охридска Банка ќе биде извршена преку тендер во понуда за продажба составена во согласност и условена со одредбите и условите на Законот за преземање на акционерските друштва.

Според соопштеното, номиналната вредност на акција на Охридска Банка изнесува 2.650 денари, додека во понудата за преземање австриската банка најавува дека ќе понуди цена од 6,298,79 денари по акција. Сосиете Женерал поседува 384.844 обични акции со право на глас во Охридска Банка што значи дека транскакцијата во старт ќе изнесува 2.423.747.512 денари ( околу 40 милиони евра).

Порамнувањето на трансакцијата се очекува да се реализира во наредните месеци.

Транскакцијата, како што е соопштено, е на одобрување во Народната банка.

Денеска управниот одбор на Охридска Банка прими од Штаер намера за преземање на сите акции издадени од страна на Охридска Банка.

Штаермаркише Банка – Шпаркасе АГ Австрија во земјава е присутна од 2008 година преку Шпаркасе банка Македонија, со сегашна вкупна актива од 350 милиони евра. Со преземањето на Охридска Банка австриската банка ќе располага со вкупна актива од околу една милијарда евра.

Покрај продажбата на Охридска Банка, Сосиете Женерал ги продава и подружниците во останатите 5 (пет) земји во регионот – Србија, Албанија, Бугарија, Црна Гора и Молдавија. Претходно Банката ја продаде својата подружница во Хрватска Сплитската банка.

Медиумите пред една година пишуваа дека француската банка не е задоволна со местото во банкарскиот систем што го зазела во регионот, оти очекувала да стане лидер.

Оценката е дека овие пазари моментално се презаситени и непривлечни, а токму тоа е причината поради која Сосиете Женерал се повлекува, особено фактот што банката во најголем дел од овие земји не влегува ниту во топ 3 банки во банкарските пазари на тие земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This