ШПИОНСКИ ИГРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Прислушкувањето во Македонија го воделе Германски служби – руските ГРУ работат на следење на исламски ектстремизам?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Човекот во центарот на шпионскиот скандал во Македонија, кој ја „сруши“ владата на Никола Груевски во 2016. година најверојатно работел по налог на Германското разузнавање (БНД), наместо како што се промовираше, како „анти-корупциски“ активист

Западните разузнавачки извори, вклучително и екс-Македонски разузнавач за македонскиот новинар во дијаспората Саша Узунов, дека човекот кој е промовиран како херој и т.н. свиркач Ѓорѓи Лазаревски, му бил дозволен неавторизиран пристап до опремата за прислушкување со која биле прислушкувани и телефоните на Македонските политичари, односно премиерот Никола Груевски – разговори кои потоа биле предавани на дипломат во Германската амбасада во Македонија.

 

Според изворот на Узунов, германскиот дипломат е Ралф Брандтс, за кој се верува дека е агент на БНД под дипломатска заштита.

Лазаревски, се сомневаат изворите на Узунов, дека обезбедил пристап до опремата на УБК и за агентите на САД и други странски разузнавачки служби.

Официјалниот одговор кој Узунов го добил од амбасадата, како што вели е „контрадикторен и нејасен“ што пак докажува дека биле „фатени со спуштен гард“. Прво, од амбасадата нема официјален демант за наодите за Ралф Брадтс. Второ, Германската амбасада вели дека „не коментира домашни прашања“ во Македонија што според Узунов е апсолутна лага.

Истражувањето на Узунов води и до Зоран Верушевски, човек кој е познат по тајните кои ги чува – всушност Верушевски бил дел од Руската воена разузнавачка служба (ГРУ), кој потоа бил ангажиран од американската ЦИА.

Верушевски краток период во 1998 година беше директор на ДБК, а во 2006 именуван за советник во Македонската амбасада во Рим, Италија. Близок до партијата СДСМ, на која припаѓа и актуелниот премиер Зоран Заев.

Во 2015. година Верушевски беше уапсен.

Верушевски е централната фигура во целиот шпионски скандал во Македонија, кој еруптираше во 2015-16 и доведе до „шарената револуција“ која го турна Никола Груевски од премиерската функција. Според ОЦЦРП, Лазаревски прв го контактирал Верушевски.

Она што е мисетриозно во врска со прислушкувањата е дека се уште ништо не е објавено, а е инкриминирачко за албанскиот лидер Али Ахмети, кој е во владина коалиција повеќе од 15 години. Не постои апсолутно никакво споменување за коруптивно однесување на Ахмети. Ова, според Узунов е апсолутно невозможно.

РУСКО МЕШАЊЕ? – Духовна безбедност?

Изворите на Узунов тврдат дека во Македонија функционираат структури на ГРУ (Руско воено разузнавање) со персонал од околу 20 лица – малку во споредба со ангажманот на САД и останатите Западни агенциии – преку 70% од Руските информатори се етнички Албанци, вклучително и жена во роднинска врска со албански политичар од власта.

Прислушкувањето – по наредба на САД – таргетираат Македонски политичари, додека Албанскиот политички блок е, се чини недопирлив, и тоа од две причини – најочгледната е да се сокрие корупцискиот линк со Груевски, но најважно е тоа што би било безбедносен срам да се признае дека 70% од Руските разузнавачки информери се етнички Албаниц, на „сојузна“ држава на САД – Македонија.

Руското разузнавање се фокусира на т.н. „духовна безбедност“ во Македонија – топ пет приоритети на ГРУ се:

1. Статусот на Македонската Православна Црква
2. Борбата против радикалниот Ислам/Џихад и мониторирање на естремисти со врски во Чеченија
3. Однесувањето на Албанските политчари кон Македонците
4. Контрирање на Британското влијане во Европа
5. Надгледување на разузнавачките операции на САД во Македонија

Руските разузнавачки операции во Македонија се повеќе операции во врска со безбедноста на Русија во борбата против Исламскиот радикализам (ИСИС) поврзан со Чеченија, отколку „вмешување“ во Мкаедонија, како што хистерично се тврди.

Голем процент од етничките Албанци од Македонија и Косово се членови на ИСИС кои се борат во Ирак и Сирија. Ова објаснува зошто голем дел од разузнавачките извори во Македонија се Албанци кои ги користи ГРУ.

Некои од „омилените“ места за средба на агентите на ГРУ и нивните Албански информери вклучуваат места и локации кои се најчесто посетувани од етнички Македонци со цел да не се предизвика сомнеж во Албанските места.

Пишува
Саша Узунов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This