March 28, 2024, 10:45 am

Штајнмајер: “Oд cpeдa вoвeдyвaмe мepки кaкви штo нe ce видeни вo иcтopиjaтa нa Германија”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Германскиот претседател, Франк Валтер Штајнмајер предупредува дека ситуацијата со пандемијата во земјата е многу сериозна. Вели дека таа е на работ да излезе од контрола.

Штајнмајер најави воведување драстични мерки од среда.

-Вирусот и натаму е многу присутен. Затоа од среда ќе воведеме рестриктивни мерки какви што не се видени во историјата на нашата федерална држава. Ситуацијата е многу сериозна. Соочени сме со пандемија која излегува од контрола и која неделно носи илјадници животи. Затоа нема начин да избегнеме воведување на драстични мерки, истакна германскиот претседател. 

Штајнмајер апелира граѓаните да вложат дополнителни напори во спроведувањето на рестриктивните мерки.

-Пандемијата трае речиси една година, а сега е најважно да го сочуваме здравјето и животите на луѓето. Минатите месеци минавме долг пат, да продолжиме до крај да се грижиме едни за други. Уверен сум дека пандемијата не може да ни ја одземе иднината. Ќе ја надминеме оваа криза, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This