ШТИП ПОД ПОЛИЦИСКА ОПСАДА: Партиската полиција на СДС врши притисок и заплашува народ во Штип во пресрет на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полициска окупација се случува денес во градот под Исарот информираат штипјани, загрижени за зголеменото присуство на полиција, и активностите кои истата ги превзема. Како што дознаваме, полицајците без очигледен повод и причина, а и без правна основа ги претресуваат граѓаните и нивните возила, но и возилата на јавните претпријатија

 

Ваквата информација ја потврди и градоначалникот на Штип Илчо Захариев, кој вели дека е вчудоневиден од ваквата дрскост на полицијата, кој со граѓаните постапува како да се најголеми криминалци. Тој додава дека се сомнева дека се работи за вршење на притисок и влевање страв кај граѓаните во пресрет на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ на кој се очекува голема поддршка.

Спасовски редовно ја злоупотребува полицијата од почетокот на кампањата, нешто за што го припремаше МВР уште во неговиот технички мандат. Партизацијата на полицијата завзема опасна димензија, а превработувањето во полицијата предизвикува инсталирање на партиска војска која ја загрозува безбедноста на граѓаните, наместо да ја обезбедува, и сето тоа по наредба на партиските главици.

На почетокот на кампањата, полицијата раководена од Спасовски впери пиштол во главата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Митко Јанчев, а бројни припадници на МВР и покрај законската забрана да присуствуваат на партиските митинзи, се редовен декор.

МВР врши и притисоци на активистите на ВМРО-ДПМНЕ, неосновано апсејќи членови на партијата за подоцна да ги пушти без никакво обвинение.

Спасовски го сценираше и режираше спектакуларното апсење на Едмонд Темелко, кое претходно беше најавено во провладините медиуми.

Во меѓувреме, ниту еден од случаите на искршени штабови, насилство и фрлени бомби во приватни дворови од почетокот на кампањата не се обелоденети.

Меѓународните и домашните организации задолжени за следење на текот на изборите сеуште без коментар.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This