ШТИП ЌЕ ОСТАНЕ БЕЗ АЕРОДРОМ: Штип нема да добие ниту карго аеродром ниту денар за подобрување на канализационата инфраструктура

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија не само што одлучи на Штип да му го одземе карго аеродромот, туку пред неколку дена премиерот објави дека Штип нема да добие ниту денар за подобрување на канализационата инфраструктура во овој град, истакна Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ Штип.

-Иако, карго аеродромот беше предвиден за изградба во близина на Штип, при што Штип ќе станеше економски центар со огромна перспектива за развој, сепак со доаѓањето на животот, тој проект згасна. Средствата предвидени за истиот беа пренаменети за канализациона инфраструктура, меѓутоа во објавената листа на Владата, Штип не се вбројува. Сега, наместо на Штип, приматот во Источна Македонија е даден на Струмица, преку доделување на половина милион евра. Очигледно е влијанието на потпретседателот на СДС, актуелен Градоначалник на Општина Штип. Тој дозволи Штип да го изгуби карго аеродромот, а за возврат доби нула денари од Владата за обновување на водоводната и канализационата мрежа, рече таа.

Серафимовска порача дека ВМРО-ДПМНЕ го прашува градоначалникот: Зошто Штип не се најде на Владината листа за финансирање водовод и канализација? Дали има план за реализација и средства за финансирање на канализационата инфраструктура, ветена во неговата програма? Кога граѓаните на Штип ќе ги добијат европските животни стандарди?

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This