Штипcкиoт гpaдoнaчaлник зaвpши вo изoлaциja: Бил вo кoнтaкт co зa6oлeн oд кopoнaвиpyc

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Општина Штип Сашко Николов во наредните седум денови е во самоизолација. Информацијата попладнево ја сподели на фејсбук профилот, а на кој пишува дека во петокот имал контакт со пациент, за кој подоцна се утврдило дека е позитивен на Ковид-19.

Николов е интервентен кардиолог и покрај тоа што менаџира за Општина Штип, тој работи и оперира пациенти.

-Иако во текот на лекарскиот преглед ги преземав сите заштитни мерки, сепак од денес па во следните седум дена одам во самоизолација. Засега се чуствувам одлично, немам никакви симптоми, но поради внимателност и почитување на здравствените протоколи следнава недела ќе бидам во изолација, пишува Николов на својот фејсбук профил.

Николов како градоначалник, но и како лекар апелира граѓаните да се одговорни и дисциплинирани. Посочува дека сведоци сме на нов бран од Ковид 19, затоа како што вели сите да носат маски, одржуваат дистанца, а на тој начин секој си го чува здравјето, но и на најблиските.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This