ШТОЈБЕР: На Македонија и успеа тоа што не им успеа на многу ЕУ членки

Поврзано

- Advertisement -

133440211
- Advertisement -

 

На средбата со Штојбер, кој е поранешен претседател на ЦСУ, една од централните теми за разговор била бегалската криза во која што според домаќинот Македонија презела важна европска задача.

– Во последната година со затворањето на границата Македонија презеде врз себе една голема европска задача. Тоа беше нотирано од страна на многу други држави од Европа, меѓу кои Франција и Германија. Македонија успеа во она што многу други држави не успеаја, затоа сметам дека преговорите за влез треба продолжат понатаму и да се најде решение, рече Штојбер.

Екс лидерот на ЦСУ смета дека на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат во Македонија ВМРО – ДПМНЕ ќе постигне голем успех.

– Се надевам дека изборите на 11 декември во Скопје нашата сестринска партија предводена од Груевски ќе оствари победа, додаде тој.

Од 2007 година Едмунд Штојбер е почесен претседател на ЦСУ која што функционира само во најбогатата германска покраина Баварија и која е сестринска партија на ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел со која ја дели власта на ниво на Сојузна Република Германија.

Пред два месеци делегација на ВМРО – ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Никола Груевски оствари посета на Берлин каде што се сретна со триесетина претставници на германскиот политички и бизнис естаблишмент.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This