April 27, 2024, 12:11 am

ШТО БАРААТ ДИПЛОМАТИ НА САД ВО СЈО: Џипот кој секојдневно доаѓа во СЈО е на амбасадата на САД – ја спремаат ли Катица за офанзива?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Речиси и да нема ден кога џипот не е паркиран на истото место, и таму да стои неколку часа“ – вели еден од околните жители во близина на СЈО, кој ја видел фотографијата од непрописно паркираниот џип на тротоарот пред СЈО со дипломатски таблички

dzip_sjo_ambasada

Откако не добивме одговор од СЈО за тоа чиј е џипот, и кој тоа постојано ги прекршува законите непрописно паркирајќи се пред обвинителството, по мало истражување дознаваме дека истиот е во сопственост на амбасадата на САД.

Според информациите кои ги добивме од жителите кои живеат во близина на специјалното обвинителство, истиот секојдневно бил паркиран на тротоарот пред СЈО, попречувајќи го нормалното движење на граѓаните. Од друга страна пак, обезбедувањето на СЈО нема проблем кога треба да се бркаат новинари и репортери кои уредно пријавени и легитимирани им е забрането да снимаат дури и под закана дека ќе бидат приведени. Ваков беше случајот со репортерот на iNFOMAX.mk.

Но вистинското прашање е што бара дипломат на САД секојдневно во СЈО?

Имено, фотографијата од паркираниот дипломатски џип е направена само еден ден пред полициско-криминалната местенка која Оливер Спасовски му ја направи на Диме Спасов со цел негова дискредитација и водење на црна политичка кампања. Посетите на дипломатот биле зачестени во последните два дена, а особено во текот на вчерашниот ден кога на виделина излегоа снимките од безбедносните камери во Скопје на кои се гледа вистината во врска со монтировката која беше извршена врз Спасов.

Ова предизвикало голема паника во СДСМ, па Зоран Заев барал итна реакција со цел да се санираат штетите од пропаднатиот обид на Спасовски.

Како што дознаваме, лицата кои секојдневно пристигаат во СЈО со џип на Амбасадата на САД на барање на Зоран Заев ги подготвувале обвинителите во СЈО и правеле проби за дефокусирање на јавноста, преку сценарио за жестоки напади кои треба да ги предводи Катица Јанева.

Барањето на Заев било откако ќе заврши партискиот конгрес на СДСМ во недела, Катица Јанева да зачести со прес конференциите на кои ќе се заканува и ќе поднесува неосновани пријави против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се со цел да се амортизира срамот од монтировката на Спасовски но и да се намали притисокот од незадоволството при составување на партиските листи за пратеници. Од понеделник според барањата на Заев треба да започне силен дефокус, бидејќи за прв пат СДСМ ќе има најмал број на свои членови на листите за избор на пратеници.

Засега останува непотврдено кој е дипломатот кој ја спрема Катица Јанева за оваа акцја која треба да започне од понеделник. Дали станува збор за човекот задолжен за вршење на притисок врз судиите и обвинителите и десна рака на Бејли, Кристина Каранакова или пак некој друг, засега останува прашање.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This