April 26, 2024, 11:02 pm

ШТО БЕЗБЕДНОСТ ВО НАТО И ЕУ: Терористички напад во Британија, 100 запалени автомобили во Шведска!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лицето кое со автомобил денеска удри во заштитната ограда на британскиот Парламент и повреди неколку луѓе ќе одговара за тероризам.

Лондонската амбуланта служба соопшти дека двајца пациенти се пренесени во болница со повреди кои не се опасни по живот. Се работи за велосипедисти и пешаци.
-Во оваа фаза, ние го третираме ова како терористички инцидент и истрагата сега ја води единицата за борба против тероризам, соопштија од Скотланд Јард.
Напаѓачот е во притвор во полициската станица во јужниот дел на Лондон и возилото се претресува.
Голем број очевидци изјавија дека сребрената Форд Фиеста, која се движела кон запад, се чини намерно ги погодила пешачите и велосипедистите, по што се завртела во спротивната лента.

Повеќе од 80 автомобили беа запалени во повеќе градови ширум југозападна Шведска во текот на ноќта, кога групи маскирани млади фрлаа камења и подметнуваа пожари настан кој можеше да биде наречен координирана акција.

Во соседството Фролунда во Гетеборг, вториот по големина град во Шведска, 31 автомобил целосно изгореа, а 35 беа оштетени, додека групата од 6-8 маскирани млади луѓе фрлаа камења и почнаа да ги напаѓаат пожарникарите, според веб-страницата на полицијата. Други 15 автомобили се запалени во североисточните делови на Гетеборг, додека автомобилски пожари беа пријавени и во Тролхеттен и во Хелсингборг.
Шведска одржува општи избори на 9 септември, при што криминалот и спроведувањето на законите е една од клучните теми.

Националистичките Шведски демократи, според некои анкети, би можеле да се појават како победничка партија на изборите.” На 9 септември повторно ќе ја направиме Шведска безбедна”, вели опозициската партијата во серија твитови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This