April 23, 2024, 10:31 am

ШТО БИ РЕКОЛ ПЕНДАРОВСКИ „ГИ ВОЗАТ ПО АВТОБУСИ КО СТОКА“: Граѓаните на Скопје гневни на блокираниот град за прославата на роденденот на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Скопје е блокирано, булеварот Партизанска претворен во паркинг на автобусите кои СДСМ ги донесе за да собере луге на митингот во Скопје. Гневот кај граѓаните е голем поради тоа што градот е блокиран нормалниот проток низ градот.

Остри реакции од револтирани граѓани кои се спречени да си ги завршат своите основни обврски.  Тие велат што е многу, многу е.

-Две ленти зафатени и пешачкиот плус? Што е многу, многу е, кој и да е, пишува еден граѓанин на Фејсбук.

Граѓаните прашуваат што би било ако некаде треба да дојде Брза помош, ако има некој итен случај, а поради блокадата на градот не успеат, денеска во паркинг беше претворен булеварот Партизанска, главната сообраќајница во градот Скопје, блокирана беше и улицата Рузвелтова и уште неколку клучни сообраќајници во центарот на Скопје.

Експертите велат дека полицијата место МВР, кое е предводено од Оливер Спасовски да се фати за работа и да ги решава прекршувањата на законите во текот на кампањата од страна на СДСМ, тој ја ангажираше полицијата да го блокира Скопје за митингот на неговата партија.

Односот на новата власт и денешното блокирање на градот поради митингот на СДСМ во Скопје беше тема на потсмев и на социјалните мрежи. Дел од коментарите се дека премиерот Заев си го блокираше градот за роденденска прослава, дека го демантира тврдењето на Шилегов дека нема туристи во Скопје. Еден коментар пак вели дека што би рекол Пендаровски, ги возат по автобуси како стока.

Со реакција на Фејсбук излезе и новинарката Јорданка Ивановска Јоци, таа вели дека Скопје е блокирано од луѓе од целата земја за роденденот на Заев.

Цело Скопје блокирано од луѓе од цела земја за роденденот на Заев. Тиха језа, пиша на Фејсбук Ивановска.

Инаку, СДСМ денеска во Скопје донесе голем број автобуси, двете ленти на голем дел од Партизанска беа полни со автобуси. Граѓаните се гневни што Заев за да има луге на својот митинг, го блокираше цело Скопје. Дел од нив коментираат дека денеска на митингот на СДСМ немаше скопјани, туку членство на партијата од другите делови на Македонија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This