Што ги „нaпyмпa“ цeнитe и кoи пpoизвoди нajмнoгy пocкaпeле? – Ce oчeкyвa инфлaциja oд 2,8 пpoцeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарите сега дефинитивно очекуваат повисока стапка на инфлација за земјава за оваа година, од она што биле нивните претходни предвидувања. Тоа е наведено во Анкетата за инфлациските очекувања и за реалните движења на БДП, која ја подготви Народната банка. Таа анкета, како што наведуваат од НБМ, била направена во периодот од 15 до 22 септември годинава, а се темели на прогнозите кои ги дале економски експерти, пишува порталот фактор.мк

Според нив, земјава годинава ќе ја заврши со стапка на инфлација од 2,8 отсто, наспроти 2,3 проценти колку што навеле дека очекуваат дека ќе изнесува инфлацијата во пртетходната анкета.

„Анкетата за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП1 за периодот 2021 ‒ 2023 година, спроведена во септември, упатува на нагорна ревизија и на очекуваната просечна стапка на инфлација и на очекуваниот раст на БДП“, се вели во анкетата од централната банка.

Инаку, економските аналитичари ги поврзуваат ваквите очекувања главно со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата на ковид-19, пред сѐ како резултат на започнатиот процес на масовна имунизација, како во земјата, така и во странство, иако нагласуваат дека сепак сѐ уште постои висока неизвесност.

„Во однос на инфлацијата, очекувањата за 2021 година упатуваат на просечна стапка од 2,8 отсто, наспроти 2,3 отсто во претходната анкета. Повисоки се и очекувањата за 2022 и 2023 година, односно испитаниците очекуваат дека стапката на инфлација ќе изнесува 2,5 отсто во 2022 година, наспроти 2,1 проценти во претходната анкета, и 2,3 отсто во 2023 година, наспроти 2,0 отсто во претходната анкета“, се вели во анкетата.

Слично како и во претходната анкета, испитаниците ги објасниле своите инфлациски очекувања пред сѐ со постепеното стабилизирање на состојбата предизвикана од пандемијата, која би довела до зголемена домашна побарувачка, како и повисоките цени на увезените добра, како што се цените на храната и енергијата.

Исто така, испитаниците сметаат дека монетарните и фискалните мерки, како и растот на платите, би придонеле кон повисок раст на инфлацијата.

„Од друга страна, пролонгирањето на кризата и повторното воведување рестриктивни мерки за справување со вирусот, а со тоа и зголемување на неизвесноста и забавување на закрепнувањето на домашната економија, како и евентуално пониските увозни цени би можеле да доведат до пониска стапка на инфлација“, се нагласува во овој документ на НБМ.

Инаку, Државниот завод за статистика вчера излезе со своето најново сооппштение за инфлацијата, кое покажува дека во септември годинава во одноос на истиот месец лани, трошоците на живот пораснале за 3,7 отсто, што всушност покажува колку изнесува годишната стапка на инфлација. Додека, пак, кај цените на мало годишниот раст е дури 5,6 проценти.

Од табелите на ДЗС, пак, интересно е да се види на што најмногу се должат поскапувањата во септември во однос на истиот месец лани.

Кога станува збор за храната и безалкохолните пијалоци, кај нив зголемувањето е за 3,9 отсто на трошоците на живот, при што само кај храната поскапувањето е поголемо и изнесува 4,2 проценти.

Но, ако подетално се види, ќе се дојде до заклучок дека најголемиот пораст кај храната и безалкохолните пијалоци всушност го прават маслата и мастите, односно малсото за јадење, каде поскапувањето е за дури 26,7 отсто, како и она кај зеленчукот, каде што зголемувањето е за 17,6 проценти во однос на истиот месец лани.

Позначаен пораст од 3,9 отсто има кај шеќерот, медот, џемот, чоколадата и кондиторските производи. Кај лебот и житата растот е за 1,2 отсто, кај млекото, сирењето и јајцата растот е за 1,1 отсто, додека кај месото поскапувањето е за 1 процент. Кај другите прехранбени артикли растот е помал и се движи до еден отсто, а кај рибата и овошјето има дури и поевтинување.

Значајно поскапување има кај тутунот, за 5,5 отсто, додека има благ пораст кај алкохолните пијалоци, а кај виното има и благо поевтинување.

Кај облеката и обувките порастот е 0,5 отсто.

Кога станува збор за трошоците во групата на домување, најголем е порастот кај гасот, за 23,8 отсто, но и кај течните горива, и тоа за 24,3 проценти.

Кај топлинската енергија, пак, има поевтинување за 4 отсто. Поскапување кај трошоците за здравје има за 2,7 отсто.

Огромен пораст од 15,7 отсто е забележан кај трошоците за транспорт. Во тој дел најголемото поскапување од 42,1 отсто е кај виоздухопловниот патнички транспорт, а големи поскапувања има и кај транспортните услуги, за 22,7 отсто, како и кај горивата и мазивата за сопствени превозни средства, за 22,2 отсто.

Комјутерите, односно информатичката опрема за обработка на податоци поскапеле за 16,9 отсто.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска деновиве за Фактор изјави дека за годинава се очекува НБМ да излезе со нагорна ревизија на предвидената стапка на инфлацијата за земјава, но дека сепак, не станува збор за раст на цени кој е алармантен.

Како што е познато, Народната банка два пати во годината прави проекции за тоа какви се очекувањата за инфлацијата за наредниот период. Согласно со априлските макроекономски проекции, за оваа година инфлацијата е проектирана на 2,2 проценти. Но, најверојатно таа стапка ќе биде ревидирана нагоре со најновите октомвриски проекции, кои веќе се изработуваат, и кои се очекува да бидат објавени на почетокот на ноември.

извор: фактор.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This