Што да направите ако ве „удри“ сончаница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сончаницата претставува оштетување на кожата, односно изгореници како резултат на прекумерно изложување на УВ-зрачењето. Поради високите температури во лето, лесно може да добиете сончаница. Во опасност се оние што подолго време од денот се на плажа, а не се заштитуваат со чадор за сонце или со капа. Последиците се чувствуваат откако ќе се скриете од сонцето, во текот на наредните 12-24 часа. Стануваат посилни доколку оштетената кожа ја изложите повторно на сонце.

Честото прекумерно горење на кожата може да биде причина за низа кожни болести. Најопасен е ракот на кожата.

Сличен на сончаницата е топлотниот удар, но тие две работи сепак се разликуваат по своите симптоми.

Симптоми

Некогаш е тешко да препознаете дали станува збор за сончаница, за настинка или за нешто трето. При сончаница се јавуваат следниве симптоми: вртоглавица, недостаток на енергија, гадење, потење, ментална конфузија, потемна урина и ретко мокрење, дамки под очите, ѕвонење во ушите и црвена кожа. При изгореници од сонце, кожата е премногу осетлива на допир и се карактеризира со висока температура.

При сончаница мора да внимаватe како се бањате. При бањање користете сапун кој не ја суши кожата, не користете сунѓер и сол за капење, употребете млака вода. По бањање полека со тапкање поминете со крпа по телото за да ја избришете водата. За да не ја влошите состојбата, не изложувајте се на сонце и на високи температури. Не се препорачува да се користи мраз, завој или мачкање со кисело млеко, како што многумина прават „по народски“.

 Бурни реакции кај децата

Кај децата, вжештување на телото може да се случи многу бргу, особено ако детето е активно на сонце. Практиката покажува дека почеста е т.н. доцна сончаница, која се случува неколку часа по престој на топло – пред спиење или во текот на првиот сон.

Раната реакција е многу бурна: детето одеднаш снемува сила, чувствува вртоглавица и мачнина, неретко повраќа и станува сонливо. Поголемите деца можат да бидат и вознемирени, а главоболката е речиси секогаш присутна. Детето е оросено со пот, рацете и нозете се прво топли, а ако се засолни од сонцето, стануваат студени и треперат. Телесната температура може да биде нормална, но обично е зголемена. Колку што детето е помало и симптомите се поизразени, а опасноста од компликации е поголема. Кога многу ќе се претера со сончањето, може да дојде и до губење на свеста, што почесто се случува кај адолесцентите.

Кога се случува „доцна сончаница“, симптомите побавно настапуваат, помалку се изразени, но подолго траат. Децата се топли, црвени, иако не се на сонце. Изгледаат како да ги нападнал вирус, може да повратат, па мајките и татковците често се збунуваат мислејќи дека е во прашање инфекција. Малите деца се со променливо расположение и имаат несоница. Телесната температура по правило е зголемена.

Tоплотен удар

Топлотниот удар настанува нагло и без најава, со ненадеен колапс и пад на крвниот притисок. Ова е акутно тешко нарушување на организмот и е неопходна интервенција од лекар.

Голем дел од симптомите се како и на сончаница, но не мора да биде последица од директно изложување на сонце. Топлотен удар може да добијат работници што работат покрај печки со висока температура, кај возачи што се во прегреан автомобил, кампери што спијат во лош опремен шатор или морнари што се покрај прегреан бродски мотор. Тој настанува како резултат на нагло и прекумерно зголемување на телесната температура и неможност на организмот да ја одржи температурата во нормални граници. Обично се јавува кога има зголемена влажност во воздухот. Тоа го отежнува потењето, поради што температурата на телото постојано расте и достигнува до 40 Целзиусови степени. Вака високата температура доведува до дисфунксција на централниот нервен систем, до делириум или до кома. Доколку оваа состојба потрае, моќно е да предизвика трајни оштетувања и невролошки нарушувања.

Симптоми на топлотен удар се: малаксаност, грчеви, вртоглавица, слабост, жед, главоболка, слаб но забрзан пулс, намалено потење, сува и црвена кожа.

Како да дадете прва помош

– лицето со сончаница однесете го под сенка или импровизирајте мал шатор;

– лицето треба да лежи на земја со поткрената глава;

– ставајте ладни облоги на лицето, пазувите и вратот;

– лицето треба да пие вода или електролитен пијалак (за да не дехидрира);

– нежно масирајте го по телото за да ја подобрите циркулацијата на крвта;

– мерете ја температурата на лицето на секои 10 минути;

– доколку нема подобрувања, обратете се во најблиската медицинска служба.

Кој е под ризик

Ризикот од сончаница е поголем кај:

– деца под 2 години;

– повозрасни лица;

– лица со проблеми со бубрезите, срцето или циркулацијата на крвта;

– лица со дијабетес;

– лица што консумираат голема количина алкохол.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This