April 27, 2024, 12:47 am

„Што да се очекува од еден квази инженер“: Отворено писмо од Орданоски до Манчевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посветено на Сyдија Бранко Орданоски, 19.07.1937 – 15.03.2019 … Мој аманет до неговите внуки, Вивиен и Тифани Орданоски … Почивај во мир, тато …

Писмо до Министерот за информатичко општество и администрација во заминување,

Дамјан Манчевски

Дамјан, во 2013 година ме напaдна за изградбата на кулата на Водно, во тој напад користеше еден куп глупости и измислици, кои еве, времето ги демантираше. Кулата од твоето устоличување на местото Министер во МИОА продолжи да се гради, иако тогаш изнесе еден куп глупости заради кои требаше да те тужам. https://faktor.mk/zhestok-sudir-za-telekomunikaciskata-kula-na-vodno-megju-robert-ordanovski-i-damjan-manchevski

Нејсе, фактите велат дека кулата на Водно продолжува непречено да се гради, да имаше нешто незаконско сигурно ќе се стопираше градбата и ќе се превземеа законски активности против тие кои 2013 година почнаа да ја градат.

Фактите исто така велат дека дека во 2004 година тогашниот ваш директор на АЕК не им наплати на МобиМак и Космофон 3.2 милиони евра за радиофреквенци, пари кои ние подоцна по судски пат, со камата, им ги наплативме на операторите, а вашиот директор за тоа дело кривично одговараше.

Факт е и дека во 2005 година намерно не носевте нов Закон за електронски комуникации, со кој требаше да се воведе конкуренција во фиксната телефонија и со тоа да му се стави крај на монополот на АД Македонски Телекомуникации. И заради ова дело има кривична постапка пред меѓународните судови.

Дамјан, ја следам твојата работа како Министер во мојата област, Информатичко-Комуникациски технологии, изминативе 3 години и можам резултатот од истата да го соблумирам во еден збор – НИШТО. Нема конкуренција ниту во мобилната телефонија, ниту во фиксната, на дело е дуопол меѓу двата оператори, цените се високи и не се намалуваат, особено цените за интернет. Читајќи ја твојата Стратегија за развој на широкопојасниот интернет од Април 2019 година, констатирам дека Дигиталната Агенда на ЕУ https://ec.europa.eu/digital-single-market/en/broadband-strategy-policy за овозможување на 100% од домаќинствата во РМ пристап до широкопојасен интернет со брзини од минимум 30 Mbps, односно на 50% од домаќинствата пристап до супербрзи мрежи од новата генерација (NGN) и брзини од минимум 100 Mbps, која во Македонија требаше да се реализира до 2020, е одложена до 2029 година?!

https://www.mioa.gov.mk/sites/default/files/pbl_files/documents/reports/nacionalen_operativen_brodbend_plan_finalna_verzija_02.04.2019.pdf

Европската Дигитална Агенда вели дека во 2020 година интернетот станува јутилити, основно човеково право, државата е должна на секое домаќинство освен приклучок за вода, струја, да му овозможи и приклучок за брз, широкопојасен интернет. Со измените на Дигиталната Агенда, во Македонија, за разлика од остатокот на Европа, домаќинствата и граѓаните тоа право ќе го стекнат дури во 2029 година.
Те слушам како се фалиш со мојот проект од 2014 година, Балканскиот роаминг, навистина не знам што да коменирам, освен да те потсетам со фотографии од состанокот во АЕК во Август 2014 година, со колегите од целиот регион, на кој е договорен Балканскиот роаминг кој веќе од 30 Јуни 2015 година почна да се реализира. https://www.facebook.com/media/set/?set=a.10203865892400429&type=3

Таа 2014 година бев Потпретседател и член на Бордот на BEREC, Тело на Европските Регулатори за Електронски Комуникации, таму ме почитуваа како Македонец, на сите состаноци на кои присуствував пред мене стоеше табличка на која пишуваше Macedonia.

Си формирал стручно тело во рамките на МИОА, Национална Канцеларија за Бродбенд Компетентност, во кое гледам се, освен компетентност. Членовите се обични партиски членови, некои од нив се и роднини, без никаков стручен бекграунд, затоа и резултатите од работата на тоа тело се еднакви на 0. http://bco.mioa.gov.mk/

Но, што да се очекува од еден квази инжинер, кој самиот на неодамнешниот роденден на ФЕИТ признава дека е пред се политичар и дека бил просечен студент, кого политиката, а не ИКТ индустријата, му се од интерес: https://www.youtube.com/watch?
v=hrDOrl9FSFg&fbclid=IwAR3cYeJkBwQkqFFjgejP1b5supxX-_rpB4wTh8mOLGPQ1bk-Zk2CnYReqF0 (6’23’’).

Искрено кажано, еве 24 години сум во индустријава, не сум сретнал друг инжинер кого политиката го интересира повеќе од технологијата. Резултат од таквиот профил на политичар кому дипломата од ФЕИТ (ЕТФ) му е само за на зид е фактот што како Министар го нема помогнато нашиот Факултет за Електротехника и Информатички Технологии со ниту денар, за што сведочи и изјавата на Деканот на ФЕИТ на нашата неодамнешна е-дружба по повод роденденот на нашиот факултет (57’45’’), кој продуцира одлични кадри, кои за жал, ако не се членови на СДСМ, немаат влез во ниту една сериозна фирма во Македонија, па знаењето стекнато на нашиот факултет го монетизираат надвор.
Околу вториот дел на неговата област на раководење, државната администрација, потезите изминативе 3 години се се, само не реформи. Многу ми е интересно кога зборува против притисоци, партиски вработувања и непотизам: https://www.facebook.com/watch/?v=909000366263687, а изминативе 3 години, иако АД МЕПСО и претходно беше превработено, се примија многу партиски војници, блиски роднини и пријатели, кои ништо не работат, туку тераат политика на своите работни места. Толку сме превработени, што нема повеќе ни место каде да се сместат колегите, па седиме по 3, 4 во минијатурни канцеларии. Сепак, добра фирма е МЕПСО, ни ги покачија платите за 5%, а и К15 ни дадоа, по 26.400 денари, да ни се најдат во услови на кризата со коронава.

Јас овие 3 години, откако сум разрешен од позицијата Директор на Секторот за ИТ и ТК ништо не работам, сместен сум со двајца супер колеги од Албанската националност (тоа требаше некоја казна да ми биде или не знам, сепак со дечките станав супер пријател овие години, ги почитуваат моите години, знаење и искуство во нашата област), до неодамна немав ни компјутер, најтажно од се ми е искуството со моја колешка, другарка од средно, со која се знаеме 37 години, откако стана Шеф на Кабинет на Генералната Директорка, веќе не ме ни познава.
Нејсе.

Проектот што со својот тим го подготвував 2016 и 2017 година, а кој на 30 Мај 2017 година беше одобрен од ЕБОР, Модернизација на оптиката на МЕПСО и нејзина трансформација од застарена SDH, во нова, IP базирана DWDM/MPLS технологија, еве после 3 години не е мрднат од нултата точка. Мојот наследник на местото Директор на Секторот за ИТ и ТК лани во Август заради овој проект од исклучителна важност како за МЕПСО, така и за Република Македонија, беше разрешен и сменет со друг Директор, кој еве, после една година, проектот не го мрдна од мртва точка.

Зошто е битен овој Проект? Затоа што оптиката на МЕПСО е 100% сопственост на РМ, присутна е во рингова конфигурација на територијата на цела Македонија, меѓународно е поврзана со сите соседи, со нејзината трансформација и модернизација станува ресурс за формирање нов оператор на пазарот за електронски комуникации, како на големопродажниот пазар во фиксната телефонија, така и како рбет за нов оператор во мобилната телефонија, кој директно ќе влијае на зголемување на конкуренцијата и намалување на цените и во фиксната и во мобилната телефонија. Колегите од Словенија веќе го имаат направено ова, формирана е ќерка фирма на ЕЛЕС (МЕПСО) во Република Словенија, Стелком www.stelkom.si, која располага со оптиката на нивниот МЕПСО и нуди различни услуги и сервиси на пазарот на електронски комуникации во Република Словенија. Останува проектот за Македонски Стелком, за нов фиксен и трет мобилен оператор да се реализира после 15 Јули, корисниците на мобилни услуги во Република Македонија да добијат нов оператор, кој со своите услуги и цени ќе биде сериозна конкуренција на постоечките два.

Тоа е се што Дамјан направи во областа која ја раководи, Информатичко општество и администрација. Но, направи и нешто лично кон мене и моето семејство, по негово барање максимално ме деградираа во компанијата, максимално ме дискриминираат и игнорираат, но тоа не беше доволно, по негово барање и сопругата ја деградираа, дискриминираа и омаловажуваа во нејзината фирма АДСДП (ПУИГ), кога отидов да разговарам со директорот зошто тоа го прави, ми одговори по барање на министерот Дамјан.
Нејсе.

Семејството Орданоски овие 30 години поминало низ многу тешки моменти за време на владеењето на СДСМ, татко ми беше почитуван Судија до 1996 година, кога во еднопартискиот парламент предводен од СДСМ од непознати причини не беше реизбран, човекот падна во депресија, со која се бореше до последниот ден од својот живот. Беше планинар, здрав, прав, еден ден после моето разрешување дојде да ме посети во МЕПСО, кога ме виде во магарешка клупа, заплака и само кажа, па мораше ли синко и ти мојата судбина да ја доживееш … Лани и конечно ја загуби битката со тагата … Имам обврска пред татко ми како птицата Феникс повторно да се родам и да ги исправам сите неправди направени кон моето семејство … Верувам дека од горе ме гледа и максимално ме подржува …

Таа 1996 година, и мајка ми остана без работа, фирмата во која работеше, Ангрокожа и гума, фирма со над 500 продавници во Македонија, Србија и Косово, отиде во стечај, за да биде продадена за бeз пари на фирма блиска до СДСМ.

Таа 1996 година, од средно семејство станавме сиромашно, моите без работа, јас невработен дипломиран инжинер, брат ми бруцош на ЕТФ, татко ми правник – судија и мајка ми професор со работа во трговска фирма, сепак, јас, ова чудна комбинација од Прилепски инает и мајтап и Врањански темперамент, решив да не се предавам, да не се предавам заради најважните во мојот живот, моето семејство, моите ќерки, да продолжам исправено и гордо да се борам за нивна подобра иднина овде, иако нивната желба е да се преселат што подалеку од тука, во држава каде владее ред и поредок, каде можат соспствениот потенцијал, идеи и соништа навистина да ги реализираат, без потреба да виткаат кичма и некому да се понизуваат.

Јас сум сигурен дека после 15 Јули ќе можеме конечно сите да се исправиме и гордо да одиме, дека понижувањата кои индивидуално и колективно како народ овие 3 години ги трпевме ќе бидат дел од едно мрачно минато на кое нерадо ќе се сеќаваме.

Тие што ме познаваат знаат дека секогаш и секому сум помагал, се надевам ќе имам можност истото да го правам и во иднина. Затоа, да излеземе сите на 15ти Јули и да одбереме подобра иднина, кон која исправено и гордо сите заедно ќе се движиме!

#ИсправиСеМакедонијо
#ОдбериОбнова
#Заокружи14

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This