ШТО ДОГОВАРАА БЕЈТА И СПАСОВСКИ ВО МАВРОВО: Се спрема ли нов изборен фалсификат во организација на СДС и ДУИ!?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако најнепопуларен градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта е изборот на ДУИ за локалните избори на 15-ти октомври. Како што објави и Бејта, позади него ќе застане и СДС со нивните гласови, поради што тој е убеден дека повторно ќе ја однесе победата, но дали истата ќе биде легална останува да видиме

Дека околу локалните избори веќе започнаа да се организираат некои недоследности зборува и фактот што токму во Гостивар, пред два дена Државната изборна комисија „врати“, односно, одново запиша 2.600 гласачи кои беа избришани од избирачкиот список за изборите на 11-ти декември, со образложение дека биле спорни.

На оваа одлука на ДИК претходела и средба на министерот за полиција Оливер Спасовски и градоначалникот од ДУИ во Гостивар Невзат Бејта, во хотелот „Радика“ во Маврово.

Како што дознаваме од наш читател кој ја направил фотографијата, двајцата разговарале во врска со локалните избори, но поточни информации не можеше да ни даде.

Јавноста веќе се сомнева во капацитетот на СДС да организира легални, легитимни и чисти локални избори, на кои ќе нема фалсификување на волјата на граѓаните, токму поради ваквите постапки.

ВМРО-ДПМНЕ веќе изрази и сомнеж дека владата на Заев ја задолжува државата, а парите планира да ги троши на купување на гласови, на ветување на повластици на социјално ранливи категории на граѓани од кои за возврат ќе бараат глас, но и поради промените во полицијата, кои Спасовски ги направи во изминатите неколку недели.

Имено, Спасовски професионалците ги замени со партиски послушници, кои би работеле исклучиво по волјата на партијата.

 

 

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This