ШТО ДОГОВОРИЛ ЗАЕВ ВО ДАВОС: Јасно му предочив на Нимиц дека тој не е овластен да зборува за политиките на Атина, ниту да ги интерпретира на погрешен начин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зачестуваат формалните и неформалните средби во однос на спорот со името со Грција. Медијаторот Нимиц подолг период е на Балканот на линија Скопје-Солун-Атина.

Тој синоќа имал и доцновечерен состанок со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, кој му потенцирал дека преговорите можат да се движат единствено во насока на она што Ципрас го договорил со Заев во Давос.

– На брифингот кој го имав со Нимиц во врска со неговите разговори во Скопје, јас јасно му ставив до знаење дека преговорите можат да се спроведат единствено во насока на тоа што беше договорено во Давос. Имено добронамерни преговори секогаш се базираат на веќе усогласените работи, изјавил Коѕијас.

Кога станува збор за грчките позиции Коѕијас стои цврсто и не дозволува нивно интерпретирање од било кого.

– Јас имав долг разговор вечерва со специјалниот претставник на Генералниот секретар на ОН Метју Нимиц, кој дојде од Скопје. Од моја страна му беше јасно предочено дека тој не е овластен да зборува за политиките на Атина, ниту да ги интерпретира на погрешен начин, изјави Коѕијас за Еуроњус.

Додека од една страна се преговара, од грчка страна имаме широк општествен сојуз во кој свештеници, војници, државни работници и луѓе од сите привиниенции протестираат против употреба на терминот Македонија во името на нашата држава.

На  таков протест во Солун пред две недела се собраа над 90.000 луѓе, додека за протестот најавен во недела во Атина се очекува  бројката да биде далеку поголема.

Протестите очигледно имаат широка поддршка од државата. Од фотографиите од протестот во Солун бројни беа војниците во униформи кои протестираа против Македонија.

Атина е преплавена во антимакедонски плакати во пресрет на протестот во недела на кои македонците се претставуваат како варвари и злоставувачи.

Организаторот на протестите во Атина закупил над 1500 автобуси со што се очекува над 70000 грци надвор од Атина да допатуваат во грчката престолнина во Недела.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This