April 25, 2024, 10:58 am

Што е „банана република“ и како Македонија стана школски пример за пpoпaднaтa држава?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во политичката наука, терминот „банана република“ се користи за да се објасни политички нестабилна земја со економија зависна од експорт на ограничен ресурс. Во 1901.година, Американскиот автор О.Хенри за прв пат го користи овој термин за да ја објасни политичката ситуација во Хондурас и околните земји под економска експлоатација на корпорации од САД, како „Јунајтед Фрут Компани“.

Типично за „банана република“ е општество на екстремо стратифицирани социјални класи, обично екстремно осиромашена работничка гласа и владејачка плутократија, составена од бизнис, политички и безбедносни елити на тоа општество.

Владејачката класа го контролира приватниот сектор на економијата преку експлоатација на трудот, а терминот „банана република“ се користи како пежоративна дефиниција за сервилна диктатура која поддржува и поттикнува прекумерна експлоатација на економски добра.

Банана република е земја во која економијата е државен капитализам, во која државата се управува како приватна фирма од која профитот го јадат ексклузивно и само припадниците на владејачката класа. Таква експлоатација е овозможена преку соработка помеѓу државата и економски монополи блиски до власта, во која профитот кој произлегува од приватна експлоатација на јавните добра е за нив, додека долговите кои се акумулираат од ваквото делување се делат на сите граѓани на државата.

Вака небалансирана економија останува лимитирана поради нерамномерниот економски развој во градот и селото, и обично ја намалува вредноста на националната валута во девалвирани банкноти, со што земјата станува непогодна за меѓународни кредити за развој.

Македонија е речиси школски пример за „банана држава“.

Македонија извезува млади.

Македонија експлоатира работници во странски инвестиции.

Македонија краде пари од штедни влогови на граѓани.

Македонија финансира винарии на сметка на лозаропроизводители.

Македонската економија веќе три децении е нестабилна, токму поради приватната експлоатација на државните ресурси благодарение на владејачката елита, која поради личен профит одбира да соработува со бизнис елитата.
Таа бизнис елита пак, безмилосно ја експлоатира работната сила, која потоа треба да ги враќа и државните долгови генерирани благодарение на државната интервенција во приватниот сектор.

Земете го како пример „Рекет“, или еве најновите примери со рушењто на дивоградба во Мавровка, но не и на Матка – таму каде што државата има интерес (функционерите) тогаш не се руши, онаму каде што нема се руши.

Или пак набавката на возила за владата. Не дека не треба да се набават возила, но не може истите да се набават од една компанија.

Македонија е извозно зависна, но извезува лимитиран ресурс кој се позабрзано го снемува. Ако во Хондурас тој ресурс биле банани, во Македонија е интелегенција. Млади луѓе кои заминуваат се повеќе и побрзо. Овој тренд на среден рок со сигурност ќе предизвика тектонско пореметување на Македонската економија, која за жал, нема да ја преживее.

Македонија, е Хондурас. И полошо.

А.Митовски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This