ШТО Е НАТО?: НАТО не е меѓународна организација! НАТО е политички и воен сојуз на држави!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За претходник на Северно-атлантскиот Договор со којшто се формира НАТО Алијансата се смета Договорот од Брисел, потпишан на 17 март 1948 помеѓу Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Обединетото Кралство.

Учеството на САД после Втората Светска Војна било неопходно за спротиставување на воените сили на СССР. Одговорот од можниот нов воен напад започнал веднаш да се гради. Преговорите довеле до Северно-атлантскиот Договор кој бил потпишан во Вашингтон на 4 април 1949 година. Со новиот Северно-атлантски Договор, новата НАТО Алијанса освен членките од Бриселскиот Договор, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција и Обединетото Кралство, ги вклучила и САД, Канада, Португалија, Италија, Норвешка, Данска и Исланд, вкупно 12 држави.

Согласно членот 5 од Северно-атлантскиот Договор: “Државите членки се согласуваат дека еден вооружен напад на една или повеќе земји членки во Европа или Северна Америка ќе се разгледува како напад на сите нив и секоја страна се согласува дека при таков напад, во силата на правото за индивидуална или колективна самозаштита, признато од членот 51 од Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации ќе укаже помош на нападнатата членка или нападнатите членки ако сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, за воспоставување и подржување на сигурноста во Северно-атланската зона.“

Од 4 април 1949 година до денес во НАТО Алијансата примени се уште 17 нови земји членки: на 18 февруари 1952 година Грција и Турција; на 6 мај 1955 година Германија; на 30 мај 1982 година Шпанија; на 12 март 1999 година Чешка Република, Унгарија и Полска; на 29 март 2004 година Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија; на 1 април 2009 година Албанија и Хрватска; и на 5 јуни 2017 година Црна Гора.

НАТО Алијансата денес брои 29 членки, со седиште во Брисел, Белгија. НАТО Алијансата се декларира како политички и воен сојуз за заедничка одбрана во одговор на напад од надворешни лица.

Иако во првите неколку години од формирање, НАТО Алијансата претставувала политички сојуз, првиот генерален секретар на НАТО Алијансата, Хастингс Исмеј, сметал дека целта на НАТО Алијансата е “одбрана од СССР под раководство на САД, и Германија (која ја предизвика Втората Светска Војна, н.з.) да се држи потчинета“. Како резултат на улогата која Велика Британија ја добива во НАТО Алијансата, Франција во 1966 година го напуштила овој сојуз.

Со паѓањето, пак, на Берлинскиот ѕид во 1989 година, главната цел на НАТО Алијансата станала придобивање на земјите кои претходно се наоѓале под влијание на таканаречениот Источен блок, односно поранешните членки на Варшавскиот договор. Ова пред сè се однесува на земјите од Балканскиот Полуостров, што доведува до проширување на НАТО Алијансата во 2004 година со Бугарија и Романија, а во 2009 година со Хрватска и Албанија.

Такви дејства, кои се сметаат за неопходни, вклучително и употреба на вооружена сила, не означува дека другите држави членки директно се обврзани да реагираат со воени дејства. Тие се должни да одговорат на тоа, но да го зачуваат изборот и начинот по кој би реагирале при таква ситуација. Ова од своја страна се разликува од договорот од Брисел каде тоа било задолжителна обврска. Еден пример околу овој член е неучеството на НАТО во Фолкландската војна помеѓу Велика Британија и Аргентина во 1982 година.

За прв пат во историјата на НАТО Алијансата, САД се повикал на членот 5 од Северно-атлантскиот Договор на 12 септември 2001 година по терористичките напади на Кулите близначки во Њујорк. По овие терористичките напади од 2001 година врз САД, НАТО Алијансата се насочува кон нови предизвици, ангажирајќи војски во Авганистан, Ирак, Либија, Сирија, Украина…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This