ШТО ЗБОРУВАШ БЕ, ТАРАВАРИ: Прво лажеше дека на детето му е ампутирана раката, потоа од Амстердам „секоја секунда се грижеше“ за настраданите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„…секоја секунда ќе ја посветиме на нивно брзо закрепнување“ – напиша на официјалниот профил на Министерството за здравство, министерот Арбен Таравари, кој бил многу загрижен, додека во некој „кофи шоп“ во Амстердам ја пишувал пораката за загриженост

 

На неколку илјади километри од неговото работно место, Арбен Таравари обожува да изигрува Бог, и да си поигрува со судбините на пациентите и корисниците на услугите на јавното здравство, испраќајќи желби за брзо закрепнување и честитки од Амстердам, Холандија.

Но, вообичаеното трансмитирање на пораки од луксузни локации низ светот не нѐ изненадува. Она што е скандалозно е некоординираноста и неспремноста на институциите под контрола на СДС, како на пример МВР.

Хаотично известување на институциите на системот во врска со синоќешната сообраќајна трагедија во која едно лице го загуби животот, а 26 лица се повредени, кога автобус излета од патот кај Велес, пишува порталот Денешен.

Либертас пренесе дека според информации од МВР автобусот кој излетал од патот би со грчки регистерски таблици, за после да ја преиначи информацијата и да соопшти дека сепак се работи за автобус регистриран во Македонија.

Слично беше и во Министерството за здравство на Арбен Таравари. Тој за Фокус потврдил дека на 9-годишно повредено дете му е ампутирана раката, со што внесе вознемиреност во јавноста која беше веќе сензибилизирана и во жал за загубениот живот во трагичната несреќа.

Денес во изјава Таравари објасни дека за среќа на детето не му е ампутирана раката, туку му е поставен фиксатор.

 

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This