ШТО ЗНАЧИ КОНЦЕПТОТ ЗА „ГОЛЕМА АЛБАНИЈА“: Што значи и кој го застапува политичкиот концепт за „Голема Албанија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанскиот премиер Еди Рама изјави: за десет години Косово и Албанија треба да имаат еден претседател. Знаеме кој е Еди Рама и неговите политики во соседните Македонија и Косово. Знаеме и дека е тоа нов прилог кон идејата за Голема Албанија.

За поимот, политиката, движењето, концептот, војувањето, организирањето… за Голема Албанија се зборува со децении наназад во овие краишта. Зборуваат сите, но малкумина знаат и кажуваат детали и факти од темата – што е тоа Голема Албанија?! Па, да видиме, што е тоа.

Голема Албанија — политички концепт кој има за цел да ги обедини сите етнички Албанци и територии каде што тие живеат, или наводно некогаш живееле, во еден ентитет. Може да се каже дека признатата независност на Косово е една од фазите на овој проект, кој Албанците главно го нарекуваат „Етничка Албанија” (Shqipëria e Madhe). Заедно со постоечката држава Албанија, терминот ги опфаќа териториите на соседните држави, вклучувајќи го Косово, Прешевската долина во јужна Србија, териториите во јужна Црна гора наречени Малесија, северозападна Грција (грчките регионални области Теспротија и Превеза, наречени од Албанците како Чемерија), и дел од западна и северна Македонија.

Обединувањето на оваа голема балканска територија во една држава под албанска власт беше покрената од Призренската лига, организација во 19. век која имаше за цел да ги обедини Албанските населени подрачја (и други региони) во еден автономен албански вилает во склоп на Отоманската империја.

Етничка Албанија е термин користен првенствено од албанските националисти да ги обележат териториите утврдени како традиционална татковина на Албанците. Друг термин користен од Албанците, е “Албанско национално обединување” (Рибасхкими комбëтар схљиптар). Албанците исто така го користат и терминот “Shqiperia Natyrale”, или “природна Албанија”.
Голема Албанија е термин користен главно од западните научници, политичари, итн.
Но сепак, концептот на Голема Албанија во границите од 1913, беше единствено имплементиран дефакто и дејуре под италијанска и нацистичко германска окупација на Балканот во текот на Втората Светска Војна. Ова е картата на Голема Албанија која е создадена од Италија и Албанија, и била во функција под фашистичката власт за време на Втората светска војна.

Помеѓу 1941 и 1945 година, за време на фашистичката окупација, Италија извршила анексија на Косово и Метохија, северозападна Македонија и делови на Црна Гора кои ги приклучиле под власт на Тирана, со указ од 12 август 1941 година.
Од Албанците се формирани единици како помошна полиција. Во градовите по 20-30, а во селата по 10-15 луѓе. Во поголемите места се италијанските квестури со 30-40 полицајци. Од Албанците Италијанците и Германците се формираат албански квислиншки формации: Бали Комбетар, дивизија СС Скендербег и Реджимент Косово.

Клучниот, современ документ за реализација на проектот Голема Албанија е “Платформата за решавање на Албанското национално прашање” на Албанската академија на науки, кој за прв пат е јавно објавен во октомври 1998 година. Таа брошура која, со години, наназад се печатела на англиски и француски и во 50.000 примероци се делела кај влијателни луѓе во светот објавува дека Албанците поделени во пет балкански држави мора да се стремат да живеат заедно, во една држава како завршување на тој етнички и политички процес. Според Платформата, самостојно и независно Косово е првиот чекор за втора албанска држава, кој ќе ги охрабри и потврди стремежите и природното право за кои со години зборуваат и албанските интелектуалци како Реџеп Ќосај, Кочо Данај… и многу други, кои потсетуваат дека е тоа политички императив кој влече корени уште од 1878 година.
Во некои територии на Балканот населени со Албанци, беа формирани вооружени паравоени сили во текот на 90-тите години, и тоа токму на териториите во Србија и Македонија кои се претходно маркирани од призренската лига. Тоа беше Ослободителна косовската војна, Косовскиот заштитен корпус, ОВПМБ која дејствуваше во Прешевската долина, ОНА во Македонија, и АНА.
Резултат на овие воени акции беше предизвикување НАТО бомбардирање врз Југославија, што непосредно придонесе до создавање независно Косово од српската територија, како и редефиниција на унитарноста во Македонија по воените судири во 2001 година, и создавање држава врз нови уставни принципи, согласно барањата на етничките Албанци и на ОНА.
На 17 февруари 2008 година собранието на Косово прогласи еднострана независност, без одржан референдум и спротивно на Резолуцијата на обединетите нации 1244 која гарантираше дека Косово останува во рамките на Србија по потпишаното кумановско примирје помеѓу Србија и НАТО во јуни 1999 година, како крај на НАТО акцијата за бомбардирање на Србија и Црна гора која без прекин траеше 77 дена, се до 15 јуни 1999 година. Први држави кои го признаа независно Косово уште истиот ден беа Костарика и Авганистан.
Независноста на Косово се интерпретира чекор кон креирањето на Голема Албанија – без оглед дали оваа територија формално би била приклучена кон Албанија, или пак би била федерална единка во некаков сеалбански сојуз.

Но, за да се дојде до оваа реализација на етничко проширување на сметка на други, соседни држави, не е доволно да се има желба, оружје и енергија на локално ниво. Потребна е организирана меѓународна финансиска и дипломатска поддршка.

Во САД постои големо лоби кое ја промовираа идејата за Голема Албанија. Лобито го формирал поранешниот американски конгресмен Џозеф Диогарди, кој е етнички Албанец. По осамостојувањето на Косово, во 2015-та како албански лобисти ги видовме и поранешната државна секретарка на САД Медлин Олбрајт, командантот на НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, генералот Вестли Кларк… кои од косовските власти добија големи удели во приватизацијата на косовскиот Телеком, големите рудници како Трепча, Обилиќ…

Во 2000, тогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт рече дека меѓународната заедница нема да толерира било каков напор за формирање на Голема Албанија, но токму Олбрајт беше меѓу најсилните застапници на бомбардирањето на Србија, и издвојувањето на Косово како независна држава.,

Во 2004, на Косово беше формирано движењето “Самоопределување”, како движење кое работи за сувереност, како дел од правото на самоопределување. Движењето “Самоопределување” доби 12.66% гласови во гласачкиот процес во декември 2010, и е едно од движењата кое се залага да се формира референдум за унија со Албанија.

Во 2012, националистичката Црвено-црната алијанса (: Алеанца Куљ е Зи) беше формирана како политичка партија во Албанија, која има за цел да ги обедини сите Албанци во една земја. Тие предизвикаа серија инциденти каде што страдаше етничкото македонско население од Пустец и Голо Брдо во Албанија. Таа екстремна националистичка партија беше виновна за фрлањето на јајца кон автомобилот на македонскиот премиер Никола Груевски, при неговата посета во Албанија за време на празнувањето 100 години Албанска државност.

Во 2012, како дел од прославата од Стогодишнината од Албанската независност, премиерот Сали Бериша зборуваше за “Албански земји” кои се простираат од Превеза во Грција, до Прешево во Србија, и од македонскиот главен град Скопје, до црногорскиот Подгорица, налутувајќи ги Албанските соседи. Коментарите беа исто така испишани на ѕид кој е претставен во музејот во Влора, каде што независноста на државата беше прогласена во 1912.
И поранешниот премиер на Албанија, Пандели Мајко, во интервју за една тиранска телевизија рече дека “Голема Албанија е неповратен процес”.

Во март 2013 година политички претставници на Албанците од Македонија и Албанија (Салман Баки, Невзат Халили и Таулант Венка Цапа), во Тирана потпишаа акт за меѓусебна соработка и поддршка со цел обединување на сите Албанци во една држава, или создавање голема Албанија. Државата би се викала Илирида. Тие се повикуваат и на референдум кој Албанците во Македонија го одржале на 11 и 12 јануари 1992 година на кој со убедливо мнозинство, според нив, се поддржала идејата за создавање Голема Албанија. Во септември 2014 Невзат Халили во Скопје прогласи иницијатива за создавање на Илирида која, навидум, беше игнорирана од јавноста и политичките фактори но, ниту ДУИ ниту ДПА не се оградија од Невзат Халили, а нивните активисти на јавни собири извикуваат поддршка за Илирида.
Директорот на Институтот за регионални прогнози во Тирана, Кочо Данај бара ревизија на меѓународниот договор од почетокот на минатиот век за да се оствари намерата за Голема Албанија.
На 20 март 2013 година, на митинг на ДУИ во Скопје – Изет Меџити, кандидатот за градоначалник на Чаир изјави: „Ние работиме Албанците во Скопје да се чувствуваат како Албанците во Тирана и Приштина, затоа можам со чист образ да се појавам пред вас. Апелирам да ставиме стоп на националистичките пораки за Кичево, ние Кичево не го даваме, па затоа ги повикувам и Турците и Бошњаците да ни се придружат зашто ние ќе се грижиме за вас исто како што се грижиме и за Албанците”, рече Меџити.

Артан Груби, функционер на повеќе позиции во ДУИ, па така и кандидат за градоначалник на Скопје повика да се гласа за ДУИ за „да го вратат Скопје на Албанците, а Кичево повторно да се вика Ускина, како што е неговото старо албанско име”, изјави Артан Груби.

Тед Карпентер, експерт за стратешки и надворешно политички прашања на Кејто – либеријалниот институт на САД, во декември 2012 година во интервју за МИА ги коментираше повиците на албанскиот претседател Сали Бериша за создавање Голема Албанија

– “Целта за Голема Албанија се уште е жива во југоисточна Европа, што е вознемирувачки за сите албански соседи, како и Македонија, и значи дека повремено ќе се соочуваме со тензии. Мислам дека оваа изјава, во која Бериша навел повеќе градови од соседните земји како албанска територија, секако е наменета за домашна употреба. Сигурен сум дека албанската Влада не презема мерки за спроведување на овие цели, но ваквиот начин на отворање на ова прашање е многу штетен”, смета Карпентер.
Амбасадорот на Русија во Србија, Александар Конузин, во јануари 2011 година изјави дека проектот за Велика Албанија е активен, но и дека е исклучително опасен за народите од регионот, нивниот мир и безбедноста на овој дел од Балканот. Меѓународната заедница мора да води сметка за оваа опасност, рече Конузин.
Во јули 2014 година албанскиот историчар Кочо Данај изјави дека Албанците не ги интересира реакцијата на меѓународната заедница за движењето кон Голема Албанија. Според него, тоа е природен и императивен национален процес кој се стреми да ги исправи неправдите од историјата и поделбата на албанскиот народ кој заради тоа се наоѓа во повеќе, а не во една држава како што би било природно.

На 17 февруари, оваа 2018-та година, албанскиот премиер Еди Рама, на свечената седница на косовскиот Парламент, предложи еден сенационален претседател и една национална безбедносна политика за Албанија и Косово.

Рама истакна дека за десет години двете земји ќе може да имаат еден претседател.

„Косово и Албанија ќе имаат една надворешна политика, а не само амбасади. И дипломатското претставување ќе биде исто, па зошто да не и еден претседател – симбол на нацоналното единство и една национална безбедносна политика”, порача Еди Рама. (vecer.mk)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This