ШТО ИМА НА УСБ-ТО СО ОЗНАКА “НСКРО 74/17”: Дали Заев и Мијалков го “спакувaa” Палчо во Белград?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред повеќе од 4 месеци на ародромот „Никола Тесла“ во Белград, соседна Србија уапсен беше Љупчо Палевски поранешен член на СДСМ и висок функционер, а откако СДСМ ја превзема власта тој важеше за еден од најжестоките критичари на Зоран Заев. За жал ова беше само кулминација на сето она што му се случуваше на Палевски изминатите 3 години како СДСМ ја превзема власта во Република Македонија.

Палевски кој во македонската јавност е попознат под својот прекар „Палчо” е поранешен претседател на градската организација на СДСМ, а сега е дел од партијата на Солза Грчева „Глас за Македонија“, каде што е генерален секретар.

Палевски за прв пат се најде на мета на СЈО уште во август 2017-та година кога обвинителството на Катица го држеше цели четири часа на распит. Тогаш Палевски изјави дека станувало збор
за предистражна постапка. Ден пред да биде повикан на распит тој беше приведен во полициската станица во Кисела Вода на барање на СЈО.

Тогаш неофицијално се шпекулираше за негова инволвираност во врска со објавените прислушувани разговори на „Јутјуб“ под псевдонимот „Никола Тесла“.

Сега кога веќе е јасен модусот операнди на СЈО и начинот на кој тие „оперирале“, која била целта за формирање на оваа институција, сомнежите за тоа што се случувало цели 4 часа во СЈО останува нејасно. Уште по нејасно е зошто 3 години подоцна не чувме ништо за случајот, односно предистражната постпка која СЈО ја водела за Палевски, дали можеби тој поседува нешто што го инкриминира обвинителството, но и власта со која СЈО беше во тесна спрега.

Пред 4 месеци Палевски е задржан на аеродромот од каде што сакал да се качи на авион за Москва. Наводната причина за апсењето е потерница од Хрватска која е издадена поради стопански спор кој неговата компанија од Задар го водела со партнери. Затоа што веќе неколку години Палевски не е во Хрватска, тој не се појавувал на суд во овој граѓански спор, по што била издадена потерница за да се обезбеди негово присуство на суд, што значи дека тој се наоѓа во екстрадиционен притвор.

И по цели 4 месеци српските власти се уште немаат донесено одлука дали Палевски ќе го испорачаат на Хрватска, ќе го вратат во Македонија или ќе му дозволат да го продолжи своето патување кон Москва.

Инфомакс веќе три месеци се обидува да добие одговор од некоја надлежна институција во врска со апсењето и приведувањето на Љупчо Палевски на белградскиот аеродром. Ниту од амбасада, ниту од МНР, нема одговор. Не само што нема одговор од македонски државни институции, нема одговори ниту од српските институции.

Српското МНР се повикува на српското МВР. Од српското МВР пак побараа прашањата да се испратат на е-маил. Прашањата се испратени пред еден месец, одговор се уште нема. Врз основа на ова се логично е да се постави прашањето зошто се крие и е толку тајновито приведувањето на Љупчо Палевски?

Од информациите со кои располага Инфомакс спорно е едно УСБ на кое постои снимена комуникација во која се спомнува и името на Зоран Заев. И таа комуникација длабоко го инкриминира премиерот но и некои високи полициски функционери од претходната власт. Така, Палевски го снемува од лицето на земјата. Знаеме дека е во притвор, ама ништо повеќе – ниту како е, ниту зошто е приведен. Ниту дали е жив, здрав, добар. Ништо. Како да пропаднал во земја.

За овие информации побаравме одговор и од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој одговори на прашањето на уредникот на Инфомакс, Александар Митовски дали се точни шпекулациите и информациите поврзани со притворувањето на Љупчо Палевски.

Според Мицкоски спорното УСБ кое е поврзано со притворањето на Палевски се наоѓа во обвинителството и е заведено под број НСКРО 74/17 и ако е точно дека она што го слушнал тој, тогаш тоа е катастрофално. Но она што е уште поинтересно е начинот на кој што УСБ-то дошло во рацете на Русковска, односно тоа стикче било пронајдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот „Рекет 1“

Прашање: На господинот Љупчо Палевски веќе 4 месеци не му се слушнало ни трага ни глас еве ние бараме одговори од српските органи никој ништо не кажува она што се шпекулира во јавноста е дека кај него постои некаков, некое УСБ на кое што има некои инкриминирачки материјали за господинот Заев и некои други политичари, сте побарале ли вие некакви одговори каде е Палевски дали е здрав и жив, дали е точно она што се шпекулира во јавноста?

Одговор: Истото што вие сега ме прашувате истото и јас сум го слушнал постојат некаков вид на такви материјали сум слушнал и се шпекулира во јавноста дека постои некое такво УСБ стикче кое што во судските, односно во обвинителството е заведено под број НСКРО 74/17 и дека на тоа стикче има доста работи со кои што можеби треба да се позанимава македонската јавност но сето ова е на ниво на шпекулации јас немам потврдени информации за ова кое што вие ме прашувате и за она кое што јас го слушам но навистина ако ова е точно тогаш е катастрофално дури и го повикувам обвинителството дури и до таму се оди во тие шпекулации дека тоа стикче било најдено во моментот кога е вршен претрес кај еден од осомничените во случајот рекет 1, и дека се наоѓа во обвинителството така што ако ова е вистина кое што вие ме прашувате а јас исто така го слушам на ниво на шпекулации тогаш навистина ќе биде уште еден пораз за македонското обвинителство и за македонското судство и доказ дека се тие денеска реформирани од како што велеше порано Зоран Заев од Сваровски во Луј Витон правосудство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This