ШТО ИСПОЛНИ МАКЕДОНИЈА ЗА ЕУ: Освен пpeименувањето со cилa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Змаго Јелинчич од Словенечка национална странка ѝ постави ново прашање на Владата во Љубљана во врска со Македонија, незадоволен од „бирократскиот“ одговор на претходното.

„Дали од страна на словенечката Амбасада во Република Македонија бевте известени за настаните од 27 април 2017 година, посебно за начинот и за постапката на избор на претседателот на македонскиот парламент? Дали амбасадорот Јазбец ве исвести за тоа дека претседателот на Парламентот е избран со заобиколување на парламентарните процедури, без потребното мнозинство и спротивно на законот?

Врз основа на што сегашниот министер за надворешни работи Миро Церар ден по референдумот, на кој на 30 септември 2018 година граѓаните на Република Македонија одлучуваа за прашањето: ‘Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?’, го означи референдумот за успешен и го повика премиерот Зоран Заев да ги почитува резултатите, иако на референдумот гласаа само 36 проценти од електоратот и македонската Државна изборна комисија го означи референдумот за неуспешен?

Каков е ставот на Владата на Република Словенија за аферата ‘Рекет’ (изнуда), за која во Македонија се приведени специјалната обвинителка Катица Јанева и главниот организатор, сопственикот на една од комерцијалните телевизии Бојан Јовановски (познат како Боки 13), двајцата блиски пријатели на претседателот на Владата, Зоран Заев, исто така наводно вмешан во аферата, со оглед на тоа дека самата афера укажува на тешка системска корупција во рамките на правосудниот систем на државата?

На Интернет кружи слика на Бојан Јовановски придружуван од словенечкиот амбасадор Милан Јазбец. Ме интересира што правел амбасадорот Јазбец во друштво на Јовановски и дали за таа средба, што се одржала во почетокот на 2109 година, поднел службена депеша?

На заседанието на Европски совет на 17 октомври 2019 година претседателот на Владата, Марјан Шарец, беше еден од главните заговорници за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Република Македонија, тврдејќи дека Македонија ги исполнила сите критериуми. Ве прашувам конкретно: Кои критериуми ги исполни Македонија, покрај преименувањето на државата, што никогаш не бил официјален критериум и на тоа ја принудивте, со оглед на тоа дека претседателот Макрон во посебна изјава истакна дека Македонија не ги исполнила сите критериуми што ѝ беа наметнати, посебно истакнувајќи го неуспехот во справувањето со корупцијата и во судските реформи?“, стои во писменото прашање до Владата на Словенија од лидерот на партијата што за пратеник во Европски парламент го кандидира македонскиот активист Андреј Дочински.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This