ШТО И ПОРАЧА ИВАНОВ НА МОГЕРИНИ: Заев нема да добие мандат, ќе има попис, а ЕУ да го осуди мешањето на Рама и Хашим Тачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЕУ јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Република Македонија, ова е клучната порака што македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја упатил на синоќешната средба со Високата претставничка Федерика Могерини, по заканувачките изјави на Еди Рама и Хашим Тачи, што стигнаа од Тирана и Приштина.

mogerini-ivanov-640x402

Иванов предупредил дека немањето на јавна осуда за флангрантното мешање во внатрешните работи на Македонија ги создава проблемите и води кон поширока дестабилизација. -Ова е шанса ЕУ да ја повтори поддршката за неповредливоста на границите на Балканот, рекол македонскиот претседател на средбата.

Иванов повторил дека нема да даде мандат на секој оној што преговара за платформи на други држави, со кои се уценува Македонија. Според Иванов, со преговарањето за пост-изборна платформа, се руши македонскиот Устав.

-Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава, рекол претседателот Иванов, алудирајќи на обидите за наметнување на платформа договорена во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама.

За Иванов, важно е и да има попис, кој би ја отсликал и реалната состојба на населението во Македонија. Иванов посочил и на неопходноста за завршување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за да може, доколку е тоа потребно, да ја продолжи прогласената кризна состојба поради илегалната миграција.

13 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This