ШТО? КАДЕ? КОГА? Вечерва на УКИМ ќе се одржи најпопуларниот руски квиз „Што? Каде? Кога?“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва, во 19 часот во Барака „Нокиа“ на Техничкиот кампус на УКИМ ќе се одржи рускиот квиз „Што? Каде? Кога?“

ruski_kviz
„Што? Каде? Кога?“ е најпопуларниот интелектуален квиз во Русија и Заедницата на Независни Држави. Неговата премиера на државната телевизија на СССР се одржа во 1975 година (квизот се емитува и денес). Суштина на играта е екипа познавачи составена од најголемите научници треба да одговарат на сложени прашања што се пратени од гледачите од различни краишта на земјата.

Квизот доби неверојатна популарност, излегувајќи од границите на телевизиските екрани во реалниот живот, така што денес милиони луѓе во Русија и поранешниот Советски Сојуз, во европските земји и во САД играат спортска верзија „Што? Каде? Кога?“.

Правила на играта: 1 прашање, 1 минута за размислување. Во квизот ќе учествуваат тимови до 6 лица. Млади натпреварувачи на возраст од 18 до 29 години треба до одговорат на најголем број прашања за да станат сопственик на главниот трофеј на турнирот – „Бронзен ут“.

Настанот е организиран од страна на Студентскиот парламент УКиМ во соработка со Амбасадата на Русија во Македонија и руската државна агенција „Россотрудничество“.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This