Што kpиe Hyхиу, во инцидeeнт во Paшче билe paнети двe лицa?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Три дена полицијата „презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот“ и не дава никакви подетални информации за саботниот инцидент во скопското село Рашче. Неофицијално, на семејна веселба во Рашче, на која присуствувале високи функционери на ДУИ, од огнено оружје биле ранети две лица. Во билтените на МВР досега немаше ни збор за ова, а на нашите прашања од МВР одговараат само дека „имаат оперативни сознанија и преземаат мерки и активности“, пишува мкд.мк.

Вообичаено е информациите за случена сообраќајна несреќа, за пукање од огнено оружје, за приведени лица со „прашкаста материја“… до медиумите да одат без никаков проблем од увидната екипа до Одделот за односи со јавност и стратегиски прашања.

Овојпат тој пат бил прекинат. Во претпладневниот и попладневниот неделен билтен на МВР од дневните настани немаше ни збор за настанот во Рашче. Немаше ништо ни вчера, ниту пак денеска. По инсистирање на МКД.мк, во неделата добивме некаков одговор, кој, ако ништо друго значеше барем официјална потврда за настанот.

„По добиените оперативни сознанија во текот на вчерашниот ден и денеска полицијата презема мерки и активности за целосно расчистување на случајот, по што ќе излеземе со конкретна информација во јавноста“. Ова беше одговорот на МВР во неделата. И толку. Трет ден нема конкретна информација за јавноста. И денеска го добивме истиот одговор – преземаме мерки и активности.

Што друго може да се претпостави освен дека министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, инаку член на ДУИ, едноставно наредил да се прекине синџирот на информирање на јавноста за овој настан, во кој неофицијално, биле замешани негови сопартијци и колеги.

И од Министерството за здравство сѐ уште не одговорија на прашањето на МКД.мк за евентуално донесени ранети лица во некоја од скопските болници. Сепак, и од таму доаѓаат контрадикторни информации. Едни велат дека такви случаи немале овие три дена, а други пак дека сепак од кај нив биле пренесени ранети лица во другата болница.

Извор: МКД.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This