ШТО МЕРЦЕДЕСОТ: Cyдовите ќе потрошат 250.000 евра за нови возила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Синдикатот на УПОЗ денеска реагираше што ќе се набават нови возила за Cyдскиот совет и за cyдовите, а не се исполнуваат барањата за зголемување на платите на cyдските службеници, за додатоци на плата и за регрес за годишен одмор.

– Претседателот на cyдскиот совет пред неколку денови објави дека Cyдскиот совет ќе набави две возила, едно во во вредност од 40.000,00 евра, а другото во вредност од 16.000,00 евра. Од оние податоци кои ние можевме да ги најдеме отворени се или веќе се реализирани постапки за набавка на нови возила во Врховниот cyд во вредност од 16.000,00 евра, Апелациониот cyд Гостивар 28.336,00 евра, Основен cyд Тетово 20.000,00 евра, Основен cyд Велес 16.000,00 евра, Основниот cyд Скопје 2 27.000,00 евра, Апелационен cyд Штип 28.000,00 евра, Основен cyд Штип 16.000,00 евра, Основен cyд Битола 16.000,00 евра и Апелационен cyд Битола 28.000,00 евра. Кога ќе се соберат сумите од овие набавки, произлегува дека Cyдскиот совет и cyдовите ќе потрошат приближно околу 250.000,00 евра, пари од работниците и државата за набавка на возила, изјави Трпе Дејановски, генерален секретар на УПОЗ.

Од УПОЗ ја повикаа Владата да го исполни своето ветување и по завршувањето на претседателските избори да ги врати задржаните средства за време на штpaјкот во 2016 година. Во спротивно, велат од УПОЗ, ќе се соочи со над 2000 тyжби за поврат на овие средства кои ќе нанесат огромна штета на Буџетот на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This