ШТО МИСЛИ БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА: Софија не ги признава Македонскиот народ, држава и засебност – договорот е штетен!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Признајте ни ги јазикот и нацијата“ – е пораката која Бранко Црвенковски ја испрати до Бугарија како претседател на Р.Македонија, додавајќи дека во Македонија никогаш не преовладувало мислењето дека Бугарија е непријател на Македонија, но дека граѓаните и политичарите во Скопје се скептични на подготвеноста на Софија

„Неподготвеноста во Бугарија, да се признае засебноста на Македонскиот народ и засебноста на Македонскиот јазик создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а може да го реши само Бугарската страна. Испочитувајте го тоа право, во тој момент никаква резерва и во наредните незнам колку години, децении или векови во односите меѓу двете земји или двата народи нема да постои“ – изјави тогаш Црвенковски.

За бугарските пасоши, Црвенковски тогаш ги негираше тврдењата на Бугарија дека Македонците кои ваделе бугарски пасоши всушност биле освестени Бугари, велејќи дека Македонците вадат бугарски пасоши од чисто прагматични причини.

„Откако Бугарија стана членка на ЕУ, многу граѓани на Македонија се вратија на Бугарските корени. Зошто не се вратија пред да стане Бугарија членка на ЕУ?“ – праша Црвенковски тогаш.

За разлика од него, денес, СДС денес е уништена партија која работи наспроти интересите на Македонија, прифаќајки договори кои се на штета на Македонија и Македонскиот народ.

 

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This