April 26, 2024, 12:44 pm

ШТО НЕЗАВИСНО СУДСТВО?!: Рената Десковска воодушевена од коментарите на Боби Илиевски на Фејсбук, истиот оној кој однапред ја превиде пресудата за Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полека, но сигурно целосно се разоткрива, судско министерската шема и целосната контрола на СДСМ врз македонското судство. Повеќе од очигледно е дека пријателските и роднинските врски во судството ставија крај на правдата во Македонија, а доколку ја земеме во предвид и ослободителната пресуда за Заев за случајот ,,Поткуп’’ и пресудените четири месеци затвор за членовите на ДУИ кои учествуваат во престрелката во Мала Речица каде загина едно лице се е повеќе од јасно.

 

Се чини дека министерката за ,,правда’’ Рената Дескоска е еден од најголемите фанови на Боби Илиевски, братот на судијката Оља Ристова. Таа е воодушевена од неговите коментари и постови на Фејсбук и редовно му става лајкови. За многумина ова би било небитна информација доколку не ги земеме во предвид сите факти околу пријателството на министерката со Илиевски, кој прв ја предвид пресудата за Груевски во случајот ,,Тенк’’, кога на својот Фејсбук однапред објави дека Груевски ќе добие казна затвор во времетраење од две години. Меѓу другото неговата сестра, судијката Ристова е со години во вонбрачна заедница со судијата Владимир Туфергџиќ, татко на пратеничката од редовите на СДСМ, Ивана Туфергџиќ. Во Македонија правдата не е слепа, таа има свои роднини и пријатели, кои ги консултира при нејзините одлуки, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This