Што НИКАКО не треба да ставате во машината за садови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Машината за садови е ‘рбетот на секоја кујна. Поради тоа, треба да внимавате што ставате во неа за да не дојде до посериозни оштетувања. Лусинда Отуш, ексерт за машини за садови во Whirlpool, вели дека постојат одредени предмети кои би било подобро доколку ги миете рачно.

Кристал

Некои кристали стануваат заматени доколку често ги миете во машина. Кога станува збор за кристал, важно е секогаш да ги следите инструкциите на производителот.


Повеќе видови на пластика

Освен во ситуации кога има ознака “безбедно за миење во машина” не ставајте пластични предмети во машината. Пластичните предмети кои ја имаат оваа ознака треба да се постават само на горната решетка. Во спротивно, грејчот може да ги стопи или искриви.

Рачно изработена керамика

Доколку не сакате уметничкото дело целосно да биде уништено, ваквите предмети треба да избегнувате да ги миете во машина.


Дрво

Многу топла вода може да го искриви или да направи пукнатина во дрвото. Ваквите производи секогаш, ама исклучиво секогаш треба да се мијат рачно и веднаш после тоа да се исушат со крпа.

Чинии со големи парчиња храна на нив

Големите парчиња храна можат да ја затнат машината или да се распрскаат насекаде по останатите садови. Пред да ги ставите садовите во машината, исплакнете ги за да ги отстраните поголемите парчиња храна.

Чинии кои биле скршени и залепени

Доколку сте поправиле чинија со помош на лепак или некој друг вид лепило, истата измијте ја рачно. Топлата вода и суровиот детергент можат да ги растворат овие лепила.


Чаши со отпечатени мерки

Ваквите чаши чија примарна намена е мерењето на различни видови состојки најдобро е да ја избегнуваат машината. Честото миење во машина ќе ги отстрани запишаните мерки и ќе ги направи овие чаши бескорисни.

Шишиња и тегли со етикети

Машината може многу лесно да отстрани било каква етикета и да направи дополнителен проблем. Водата ќе ја разложи етикетата и ќе ја залепи на останатите садови, притоа создавајќи поголем неред. Отстранете ги етикетите со помош на топла вода, па потоа ставете ги шишињата и теглите во машината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This