Што никогаш не смеете да коментирате за време на славите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Славите се период од годината кога на масата се изнесува многу храна, но исто и толку многу коментари поврзани со храната и навиките на присутните.

Помеѓу гостите сигурно има некои кои се на диета, кои имаат вишок килограми, кои се соочуваат со некое нарушување или пак, „експерти“ од областа на нутриционизмот. Многу е лесно нечија вечера да се претвори во пекол поради коментарите, но и да се навредат домаќините.

Затоа, дури и кога имате коментар, преформулирајте го, за да избегнете непријатности:
1. Не коментирајте за нутритивните вредности на принесената храна, односно избегнувајте коментари како:
„Ова свинско печење е многу штетно!“; „Се обидувам да јадам помалку свинско.“; „Оваа пита е преполна со масти!“ или „Мене лично не ми се допаѓа пита со сирење.“

2. Не коментирајте за тоа што другиот јаде:
„Мислев дека не јадеш посна сарма!?“; „Ау, па тоа е големо парче месо!“ или „Не ми се верува дека зема уште едно парче леб!“

3. Но, не терајте ги другите да јадат нешто што не им се допаѓа:
„Едно парче пита со праз нема да те убие.“; „Касни малку грав за атер на домаќините“ или „Зарем само салата ќе јадеш?“

4. Не откривајте дека сте се „казнувале“ себе само за да можете да јадете денес:
„Цел ден се чував за трпезава“; „Ќе треба дупло да вежбам оваа недела“ или „Денеска дефинитивно ја прекршувам диетата.“

5. Да коментирате зошто одбивате десерт, откако веќе сте изеле многу храна:
„Не, фала, нема да можам да ги облечам панталоните утре“ или „Не, треба да личам на нешто утре на работа.“

6. Не обидувајте се да се извинувате за тоа што јадете и за изедената количина. Храната на славите е принесена токму за тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This