Што открија Викиликс и Асанж:ЦИА прислушува преку телевизори и „паметни“ мобилни телефони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како прислушува ЦИА? Во март 2017 година Викиликс почна да објавува големо количество на документи поврзани со работата на американската тајна служба ЦИА, означени како стpого довеpливи.

Според Викиликс, ЦИА 3лоупотребувала производи од најголемите технолошки компании во светот како што се „Ајфон“ од компанијата „Епл“ и уредите со оперативен систем „андроид“ од компанијата „Гугл“, оперативниот систем „Виндоус“ од „Мајкрософт“ и телевизорите на „Самсунг“ и ги претворала во „свои оpудија“ и „скpиени уреди за прислушкување“.

Документите според Викиликс откриваат на кој начин ЦИА ги шпи онира луѓето ширум светот со помош на уреди кои секојдневно ги употребуваат. Според Викиликс, ЦИА и британската разузнувачка служба МИ5 заедно направиле малвер кој ги инфицира „телевизорите на Самсунг“ и ги претвора во прислушни уреди.

Викиликс објави и дека ЦИА собрала голем број податоци за слабостите на разни софтвери кои ги прават светските гиганти како што се „Епл“, „Мајкрософт“, „Гугл“ и останатите компании, но тие компании не ги информирала за слабостите, туку пропустите ги користела за шпи онажа.

Според Викиликс, ЦИА нашла и начин да ги заобиколи енкр ипциските кодови на апликациите како што се „ВатсАп“ и „Телеграм“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This