April 16, 2024, 10:57 pm

ШТО ПРАВЕШЕ КИРАЦОВСКИ ВО БЕЛГРАД: Кирацовски во Белград по исплата за завршената работа за името?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Посетата на Генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, во Белград изминатата недела беше причина за низа шпекулации во јавноста. Според неофицијални информации во ресторанот Кантина де Фрида, Кирацовски бил со луѓе блиски на најскапо платениот советник на Заев, Зоран Башановиќ. Имено според информациите кои пристигнаа до нашата редакција Кирацовски наводно отишол по пари за изградбата на неговиот хотел во Битола.

Интересно е што само пред неколку дена потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објави ексклузивна информација дека впрочем Зоран Башановиќ е главниот покровител на договорот за промена на уставното име на Република Македонија.

-Сега имаме состојба каде, господинот Башановиќ е најплатениот советник во македонската Влада, тој наводно е најголемиот експерт кој ја советува Македонија. Според некои неофицијални информации, тој ја организира промената на името на Македонија. Според некои неофицијални информации, тој беше главната врска, посредник и контакт помеѓу Заев и господинот Ципрас, бидејќи е пријател и со двајцата и тој е оној кој го направи овој договор кој сега го имаме со Грција кој е тотална национална катастрофа за нас, изјави тој пред само неколку дена.

Имајќи ја во предвид информацијата дека Башановиќ бил вмешан во преговорите за името се отвора сомнеж дали можеби Кирацовски се нашол во Белград за да ја добие исплатата за добро завршената работа за проблемот со името. Дали покрај сметката на Кочо Анѓушев која се наполни во екот на преговорите за името кога тој ја продаде својата фирма за трговија со електрична енергија на грчкото електростопанство, сега ќе се наполни и сметката на Кирацовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This